Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дадени во ист ден, за тоа со каков превоз Мицкоски и неговата партија ќе ја внесат Македонија во Еврпоската унија, предизвикаа бројни коментари на граѓаните на социјалните мрежи.
Христијан Мицкоски, еднаш вели дека ВМРО-ДПМНЕ биле на возот на ЕУ, друг пат дека биле на бродот.
„Цело ВМРО-ДПМНЕ, веќе е на возот кон ЕУ“, во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ од 23.5 2023 година рече Мицкоски.
Истиот ден во друго соопштение објавено од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вели: „Цело ВМРО-ДПМНЕ е на бродот кон ЕУ, било и ќе остане на тој брод“.
После овие изјави, следат коментари на социјалните мрежи, кои се подбиваат со Мицкоски за „превозот“ со кој тој и ВМРО-ДПМНЕ, се на патот за ЕУ.
„Возот за ЕУ, па возот за ЕУ, аманте луѓе немојте само со воз за ЕУ да идеме пошто возот ни до Прилеп и Битола неможе да стаса а не до ЕУ. Дајте боље пешки со точаци со коли ќе се организираме па може и ќе стигнеме у ЕУ, со воз тнка ни е работата + плус пругата за Бугарија више 70 години ја градиме и ни до Страцин не сме, уплав имам од возови…“, пишува во објава на Фејсбук, Никола Писарев.
– Пешки да кинисавме до сега ќе стигневме…ама некако не им одговара да стасаме оти во ваква лимбо ситуација многу убаво живеат.
– Шинобус му е мајката. Можда тролејбус?!, се дел од коментарите под објавениот пост.
Во сатиричниот текст објавен на Фронтлајн со наслов „Откако ги потрошија возовите и бродовите, Мицкоски и ДПМНЕ на тротинети кон ЕУ“, Тротинетист вели:
„Мицкоски: Ќе ја внесеме Македонија во ЕУ модерно и современо, полека и лежерно – со брзина на електричен тротинет! Нема што да брзаме, нас овде сè ни е погодено. Сите сме си згрижени и нафатирани. Така што, ќе им продаваме приказни со бродови и возови за патот до ЕУ, а ние ќе си тераме ќефот. Подготвуваме и спот за кампањата, за брзо ќе биде прикажан“.
Во дел од коментарите на текстот „Прво биле со воз, после фатиле брод“, граѓаните му предлагаат на Мицкоски алтернативни превози со: дронови, чамци, жолти комбиња…
„- Мислеле на бродовите бетонирани во Вардар.
– Со чамец тераат, по Вардар до Солун.
– Мицкоски не знае на каде тера.
– Измешал со централите. Дали беа на вода или ќумур.
– Во авион во еден правец за Москва.
– Со жолто комбе.
– Им пукнала гума.
– Биле на бродот, ама во потпалуба, кај веслачите.
– На крај ќе заминат со дронови.
– Во провалија!!! Таму тераат!“, се дел од идеите на граѓаните за тоа со каков превоз Мицкоски да стигне до ЕУ.
Ј. Ѓ.