РИБАРО
„В среда одам со Ковачевски да се сретнам и да разговарам за иднината на државата.
Хахаха… Дали имате од мене слушнато посмешна изјава од оваа, драги мои вмровчиња?!“, објавил Мицкоски во присуство на најблиските соработници, дознава АХА.
„А видовте како го фатив во тесно?!
Тој предлага да не е само тет-а-тет, ами да има и други присутни, јас не се давам. Или само јас и тој како поглавици, или нема средба.
И нема што други од раководствово да присуствуваат кога после средбата ќе можам да си истресам што ми е по ќеф пред медиумите. Ќе им кажам – јас дадов конструктивни предлози тој не ги прифати. И дури тој ќе се поти со ЕУ, јас ќе си молчам и ќе си барам предвремени избори и ич нема да ми чуе нит за ЕУ, нит за перспектива на државата.
Имено, за тоа и се овие племенски средби на поглавиците, а не за решавање на проблемите на граѓаните и државата.
Како ги дриблам, а?
Тој уште се надева дека ќе ги закопаме секирите и ќе пушиме луле на мирот. А бе тотален аматер!“, гордо нагласил Мицкоски.
„Шефе, алал вера! Сите научија каков финтаџија сте, нема муабет за тоа. Но, нели е добро да размислиме уште за инаетов што го тераме? Ние ништо не предлагаме, само тврдоглаво НЕ кажуваме. Ќе си ја изолираме државата. Ќе го попушиме ние како што гледам… лулето на мирот“, констатирал близок соработник на Мицкоски.
Размислувајте си вие. Ете и затоа нема да бидете на средбата, потенцирал Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK