ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?

June 7, 2023 10:36
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Велат – чувај Боже од политичари кои не си го менуваат ставот и мислењето и покрај тоа што сите аргументи кои не им биле предочени пред да го формираат првиот став, сега им се дадени на тацна. Тоа се онаков тип на политичари, како Бранко, Љубчо и Грујо кои за да си го заштитат егото, ни ја кочеа државата со празни реторики и стравови последниве 30 години.

Денеска е најавена средба на Ковачевски и Мицкоски. На средбата, треба да се разговара за одлуките кои треба да ги донесат пратениците во Собранието со цел продолжување на европската интеграција.

Премиерот му даде на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одбира во каков формат сака да биде средбата.

Има две опции пред Мицкоски.

Да се шлепа до крај со национализмот прекрстен од неговите како „патриотизам“, или

Да се фати за сламката за спас со која ќе ја одблокира својата партија за која е повеќе загрижен отколку за државата.

Ковачевски со денешната лидерска средба, му ја дава таа шанса на Мицкоски да се извади од кашата која сам си ја зготви. Ако е умен политичар, Мицкоски ќе ја прифати и искористи.

Компромисот кој е максимумот што може да го изигра Мицкоски е – да поддржи гласање на уставните измени и евентуално да се испазари за одење на предвремени избори.

И двете партии се растрчани на терен небаре изборите се веќе закажани, така што оваа варијанта не е нешто изненадувачка. Ахмети чинам е секогаш спремен за избори. Таравари би прифатил.

Не знам какви му се математиките на Мицкоски, но ако трга од нарачаните анкети, сам ќе се заебе. Мицкоски ако не прифати уставни измени ги губи шансите некогаш да биде тој што ќе состави нова Влада и, тој тоа добро го знае.

Кој е влогот со кој би одел Мицкоски ако се премисли?

Предвремени избори. Може да им мантра Мицкоски на своите дека ете успеал да го победи Ковачевски и да одат на предвремени избори. Па дека Бугарите во Уставот не е којзнае каква работа, ако целта е добивање на власт и, што ти јас знам какви ли им се апетитите на тие околу него.

Сигурен сум и дека тоа – како „победа“, лесно ќе им го продаде на неговите тврдокорни вмровски гласачи, кои како многупати досега слепо ќе ги аминуваат одлуките на вмровскиот лидершип, така да, нема што да се плаши дека ќе ја изгуби поддршката. Можат и со зурли и тапани да слават, нивна работа.

За што се уставните измени.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. Во Преамбулата после „… бошњачкиот народ“ се додаваат зборовите „бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ“

За гласање на овие уставни измени потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот.

Можни ли се сопки од Бугарија на нашиот пат кон ЕУ и после евентуално изглесување на измените? Секако дека се можни и очекувани. Но, со кемкање и самокочење никогаш нема да ги надминеме. Нашата цел треба да биде јасна водилка и поголема од можните стравови со кои би се соочиле на тој пат.

Пораките на пријателите од ЕУ и САД, никогаш не биле поконкретни и појасни – сега е моментот да се направи клучниот чекор за патот до членство во ЕУ.

Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?


Текстот е личен став на Авторот

 

 

Tags: КовачевскиМицкоскиуставни измени
Next Post

Народна банка: Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk