ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: За мене ова не е борба за власт, по изгласувањето на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата, СДСМ ќе ослободи половина од своите места

June 7, 2023 15:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ во текот на наредните недели ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет и тоа ќе биде направено од страна на нивниот парламент како врвно законодавно тело во оваа држава, истакна премиерот Ковачевски после средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Пред нас имаме одлука која што е политички тешка одлука, со оглед на дискурсот кој ја пратеше во текот на изминатата една година, со оглед на многубројни ставови кои што беа изнесени кои беа прилично дијаметрално спротивни до денес и таа одлука сите ние политичари имаме обврска да ја донесеме, бидејќи со неа обезбедуваме продолжување на европската интеграција на државата, подобар живот, иднина на сите граѓани. Нашите граѓани заслужуваат и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ меѓутоа земја членка на ЕУ Северна Македонија, нашата, нивната земја, а не да живеат во земја членка на ЕУ во туѓа држава, рече Ковачевски.

Тој предложил да направат неколку чекори заедно со ВМРО-ДПМНЕ и да ги изглаат заедно уставните измени.

„Бидејќи тоа е вистинското решение кое граѓаните го очекуваат од нас. Дополнително дадов предлог до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, доколку тие се сложат, заеднички и консензуално да пристапиме на остварувањето на оваа стратешка цел и сите заедно да ги гласаме уставните измени. Доколку сите заедно ги изгласаме уставните измени, отворањето, подготвувањето на амандманите, затворањето на уставот, тогаш предложив дека веднаш после последното гласање може да одиме на избори“, рече Ковачевски.

Ковачевски предложил веднаш по изгласувањето на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО – ДПМНЕ и да се има  Влада во која ќе бидат дел сите партии кои се за ЕУ – интеграции

„Во текот на изминатиот период, слушајќи ги сите изјави кои беа давани од страна политичките субјекти, сфатив дека за г.Мицкоски и за ВМРО – ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање на политички поени само за себе и дека не сме водени од свои партиски интерес и дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив заеднички да го изгласаме отворањето на уставот со 2/3 при што би гласале сите пратеници во Собранието кои што го поддржуваат европскиот пат на државата и кои се определени за ЕУ и веднаш утредента ВМРО – ДПМНЕ да влезе во Владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО – ДПМНЕ: На тој начин ќе обезбедиме Влада која обединува и која ги обединува сите политички партии кои што се ЗА ЕУ а денес слушнавме дека тоа веќе не е проблем за ВМРО –ДПМНЕ, на тој начин таа Влада во која ќе бидат дел сите партии кои се за ЕУ – интеграции, кои во минатото покажеле дека се за ЕУ и евроатлански интеграции ќе бидат дел од истата. Ќе го спроведе таа Влада процесот на уставни измени, таа влада ќе го заврши скрининг процесот кој е во тек, таа Влада ќе го затвори процесот на уставните измени и таа Влдаа ќе ги отвори поглавјата како втора фаза од преговрачкиот процес и дури може и да затвори едно или две од поглавјата кои се дел од првиот кластер. И дополнително таа Влада ќе може да ги организира и следните избори“, истакна Ковачевски.

„На тоа додадов дополнително за да обезбедиме, иако тоа е веќе обезбедено во преговарачката рамка, со сигурност меѓутоа тоа стои во преговарачакта рамка, меѓутоа ајде уште еден дополнителен чекор, уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби како што веќе имало случај во минатот, да имаат одредба со која што важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е практично и закажана без никакво одлагање по правењето на уставните измени во преговарачката рамка. Се друго вон тоа, е разговор надвор од преговарчаката рамка, бидејчќи таа е донесена од страна на сите 27 земји членки на ЕУ, цел тим учествуваше во преговори на таа преговарачка рамка, таа беше доставена од француското претседателство и сметаме дека е компромис којшто овозможува прво непречено одвивање на интеграциите на нашата држава, второ заштита на МК јазик, култура, идентитет во рамки на ЕУ“, нагласи Премиерот.

Тој кажа дека Мицкоски сметал дека некои партии не треба да бидат дел од Владата.

„Верзијата која назад ја добив од г.Мицкоски вие ја слушнавте тој ја кажа на прес конференција, дури и образложи што јас сум предложил. Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, некои требало да бидат. Сметам дека на нас ни треба Влада во која што ќе биде едно широко обединување на сите, која што Влада ќе има јасна цел и целите ви ги кажав. Уставните измени, завршување на скрининг процесот, завршување на уставните измени, почеток на отворање на поглавјата дури и затворање на едно или две, и потоа подготовка за следни избори во терминот кој е предвиден согласно со закон. Сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, Влада на ЕУ – интеграција,  а не на изолација и на дестабилизација. Бидејќи други сценарија може да доведат до други резултати во општеството како што на пример гледаме во рамки на голем број на други држави кога се прават одредени работи непринципиелно или врз основа на одредени субјективни оценки“, изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека ова за него не е борба за власт, „ова за мене е борба за иднината на државата“, рече Ковачевски.

„Јас кажав и пак ќе кажам за мене ова не е борба за власт, за мене е борба за иднината на државата. Од тоа нема да отстапам. Ме радува фактот што претстедателот на ВМРО – ДПМНЕ и претставник на ВМРО – ДПМНЕ денес кажаа дека за ВМРО – ДПМНЕ не е проблем правењето на уставните измени и вметнувањето на други делови од народи во рамки на нашиот устав. Бидејќи ние не смееме да ја блокираме нашата иднинаи иднината на следните генерации. Ние нашите млади, нашите деца заслужуваме и заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ тука дома во Северна Македонија, а не во туѓина“ изјави премиерот Ковачевски по средбата со Мицкоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕКовачевскиМицкоскиСДСМ

НАЈНОВО

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

May 24, 2025
Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј и да ја зацврстиме заложбата за градење општество на знаење и меѓусебно почитување

May 24, 2025

Најмногу дожд во Маврови Анови

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk