На 06.06.2023 во 19.15 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш затоа што по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси” по барање на Основен суд Радовиш.
Тој бил предаден за спровод во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.