ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Една третина од неформалните собирачи на отпад сакаат да се формализира нивната работа

June 8, 2023 13:47
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА

Бројот на неформални собирачи на отпад е намален на половина од пред десет години, односно дека 2.500 до 3.000 лица се неформални собирачи на отпад, а една третина од нив сакаат нивната работа да се формализира. Тоа го покжува истражувањето на „Пакомак“ направено во осумте плански региони, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, што денеска беше презентирано пред министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и претставници од министерствата за животна средина и просторно планирање и труд и социјална политика.

Извршниот директор на „Пакомак“ Филип Ивановски смета дека формализацијата на неформалните собирачи на отпад ќе значи и формализација на собраниот отпад што тие го собираат, што не се евидентира и не се прикажува во извештаите доставени до институциите.

– Истражување во врска со состојбите со неформалните собирачи на отпад во Република Северна Македонија и можностите за нивна интеграција во формалната економија покажа дека бројот на неформални собирачи е намален во однос од пред 10 години, кога проценките беа дека има 5.000 собирачи. Во моментов проценките се дека бројот се движи од две ипол до три илјади, изјави Ивановски по средбата во Стопанската комора на Северна Македнија.

Како причини за намалувањето на бројот на неформални собирачи ги наведе миграцијата и зголемената побарувачка на работна сила. Но, нагласи, мотивите за неформално собирање отпад остануваат, а тоа се пред се сиромаштијата и можноста за екстра приходи.

– Една од опциите овие луѓе да станат формални е формирање социјални претпријатија во кои би биле вработени, а тие социјални претпријатија да даваат услуги на општините, комуналните и јавните претпријатија. Нивната формализација има повеќе бенефити и од фискален аспект за државата бидејќи ќе бидат евидентрани нивните приходи и ќе бидат оданочени, рече Ивановски.

Според истражувањето, посочи дека една третина од неформалните собирачи на отпад сакале да се формализира нивната работа, што, како што нагласи Ивановски, би значело околу 1.000 нови вработувања.

Tags: неформални собирачи на отпадРисто Пенов
Next Post

РКЕ донесе правила за сајбер безбедност за енергетските компании

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk