Русија истрела ракети и беспилотни летала врз цели ширум Украина денеска во раните утрински часови, при што загинаа тројца цивили во црноморскиот град Одеса, а нападнат е и воениот аеродром во централниот регион Полтава, соопштија властите во Кијив.
Нападите, во кои 29-годишен маж, исто така, беше убиен во североисточниот регион Харкив, според официјални лица,се најнови во серијата напади во текот на ноќта што Русија ги интензивираше откако Кијив тргна во голема контраофанзива, објави Ројтерс.
Воздухопловните сили соопштија дека во нападите биле вклучени осум ракети истрелани од земја и 35 беспилотни летала. Единиците за противвоздушна одбрана успеале да соборат 20 беспилотни летала и две крстосувачки ракети, се вели во соопштението.
„Како резултат на воздушната борба, остатоци на едно од беспилотните летала паднаа врз висококатница, предизвикувајќи пожар“, изјави портпаролката на Јужната воена команда Наталија Хумениук за нападот во Одеса.
The consequences of Russia’s night attack on Odesa. pic.twitter.com/QH1Fm8R7OP
— UkraineWorld (@ukraine_world) June 10, 2023
Таа истакна дека пожарот бил брзо изгаснат, но тројца цивили загинале. Најмалку 27 други лица, меѓу кои и три деца, се повредени, соопшти итната служба. Од огнот биле оштетил и околните станбени згради.
Две области на регионот Харкив, кој се граничи со Русија, биле нападнати со десет дронови , при што бил повреден 39-годишен маж и убиено едно лице.
Русија, исто така, истрела беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети кон регионот Полтава, нанесувајќи „одредена штета на инфраструктурата и опремата“ на воениот аеродром Мирород, потврди регионалниот гувернер.
Украина собори две беспилотни летала над регионот Днипропетровск, каде што не е забележана штета, изјави нејзиниот гувернер Серхиј Лисак.
Г. Т.