Владата мора постојано да се занимава со прашањата што се однесуваат на национализмот и градењето мултикултурно општество, посочува претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето излагање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, што се одржа во Гостивар на 29 мај.
„Владата мора поискрено, поконзистентно да се занимава со овие прашања. Навистина е за одбележување тоа што постои цело едно министерство кое се бави со овие прашања, дека има национален координатор во кабинетот на премиерот кој се бави со овие прашања, дека владата е отворена кон граѓанскиот сектор, па така и ние влеговме во креирањето на Стратегијата за интеркултурализам, мултикултурализам и подобрување на меѓуетничките односи, меѓутоа, тоа не е доволно. Мора да биде тоа една конкретна, козистентна, доследна и постојана работа. И никакво кокетирање со популизам. Ако јас денеска проценам дека е добро да влезам во џамија, или во црква, и да бидам придружен од 15 камери, затоа што ќе ми се подобри рејтингот кај „неутралците“ или кај помалку прогресивните или националистите во земјата, мора искрено и сериозно да се преиспитам. Дали ги сакам тите поени сега, веднаш, заради некое лажно или вистинско истражување на јавното мислење, или сакам да учествувам во долготрајната борба против национализмот и изградбата на мултикултурно општество, кое навистина така ќе живее сега и во инднина.“, посочи Дерала.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Горан Наумовски
Преземено: Цивил Медиа