ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИЦ: Државниот матурски одбор ќе се произнесе дали и какви санкции ќе има за нарушеното полагање на државната матура

June 12, 2023 15:37
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот испитен центар (ДИЦ) најпрофесионално во рамките на своите надлежности ја спроведе државната матура, соопшти ДИЦ откако Министетството за образование и наука од него побара да ја лоцира одговорноста за пропусот во полагањето на вториот екстерен испит по Англиски јазик во саботата.

ДИЦ во соопштение наведува дека тестовите биле навремено изготвени и дистрибуирани до училиштата и тестирањето почнало навреме.

– За случувањата во однос на вибер-групата и споделувањето прашања и одговори за време на изведување на испитите ќе се дискутира на Државен матурски одбор, како највисок орган за реализација на државната матура. На состанокот, членовите на ДМО ќе се произнесат дали и какви санкции ќе има по сите инволвирани во нарушувањето на процесот на реализација на државната матура. Став на ДИЦ е испитот по Англиски јазик да не се поништи за сите оние кои ги почитувале правилата за изведување на државна матура, наведува ДИЦ во дописот потпишан од неговата директорка Благица Павловска.

Во однос на претстојните интерни испити од државната матура, кои ги организираат училиштата, ДИЦ посочува дека се надлежни училишните комисии.

Државниот испитен центар апелира да се почитуваат процедурите за спроведување на интерните испитите во рамките на државната матура за кои се одговорни училишните матурски комисии.

Во однос на укажувањето на МОН денеска, дека државната матура треба да се полага во големи простори – сали и холови, ДИЦ одговори дека „години наназад апелирал до Министерството за образование и наука државната матура да се спроведува во голем простор, за што е дискутирано и на Државен матурски одбор“.

– За жал, овие измени оваа година не се реализираа, но ставот на ДИЦ е дека од наредната година државната матура мора да се реализира во голем простор и со вклучени блокатори, соопшти Државниот испитен центар.

Tags: дицматураобразование
Next Post

Младите и Отворен Балкан рушат бариери – за македонските граѓани Србија и Албанија се најпријателски земји

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk