ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За партиите на Албанците, ЕУ е поважна од власта, постапката за уставни измени очекуват да започне до крајот на јули

June 12, 2023 13:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веќе најави дека поставил одредени услови кон парламентарното мнозинство и премиерот Димитар Ковачевски, за опозицијата да ги поддржи неопходните уставни измени за Северна Македонија да го изоди својот пат кон Европската унија (ЕУ).

Едно од барањата на Мицкоски за парламентарното мнозинство е проширена Влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ, но без ДУИ.

Политичкиот аналитичар Берат Азизи во изјава за „Фронтлајн“ вели дека политичките партии на Албанците веќе јасно го кажале својот став во однос на уставните измени, дека за нив приоритет е интеграцијата на земјата во ЕУ.

Берат Азизи
Берат Азизи

– Земјата мора да оди напред без пречки кон ЕУ, тоа го диктираат и многу други геополитички и економски фактори. Но, мислам дека владата по секоја цена бара Уставните измени да се изгласаат не ставајќи други услови, како што се барањата на партиите на Албанците од опозиција. И покрај случувањата што може да ги очекуваме деновиве, верувам дека политичките партии на Албанците и оние од опозицијата ќе гласаат за уставните измени бидејќи ќе не може да се спротивстави на меѓународниот притисок. Сите, зборуваме за власт и опозиција, но не зборуваме за меѓународниот фактор кој веќе јасно стави до знаење и на одреден начин тие го вршат своето влијание да ги одобрат уставните измени и да се продолжи на патот кон ЕУ, вели Азизи за „Фронтлајн“.

Според него, тврдењата на ДУИ и на Алијансата за Албанците дека ја оставаат власта само за да ги одобрат уставните измени, не се важни, бидејќи бројките не се кај овие две партии или кај власта, туку кај опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ, кои не се согласуваат да гласаат за измените.

Новинарот Селадин Џезаири од Балканскиот институт за регионална соработка (БИРЦ) вели дека ДУИ го искористиле овој моментум за да ги потврдат своите програмски определби и да имплицираат дека за нив државата е од примарно значење (со албанскиот удел), а не држење на власта по секоја цена.

Селадин Џезаири
Селадин Џезаири

– Во процесот треба да придонесат сите политички сили, и партиите на Македонците и на Албанците. Дека македонската десница од ден на ден станува се потрезна, во смисла на дејствување со нозе, докажува и изјавата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за подготвеноста на оваа партија да ги изгласа уставните измени и покрај неговите услови. Сега, како што се позиционира ВМРО-ДПМНЕ, сфаќа дека пресметките ги прави без да калкулира! Затоа реакцијата на ДУИ беше политички и партиски ударна, изјави Џезаири за „Фронтлајн“.

Според изјавите на партиите на Албанците, евентуалната проширена Влада може да остане без ниту една од нив во неа.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и понатаму останува на истиот став во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино излегување од Владата, но има само еден услов, уставните измени да се изгласаат пред да се формира влада без ДУИ, а со ВМРО-ДПМНЕ во неа.

Од ДУИ за „Фронтлајн“ велат дека продолжуваат напорите за одобрување на уставните амандмани. Интегративците очекуват постапката за уставни измени да започне до крајот на јули. Според нив, оваа измена ќе биде прифатена и од граѓаните, не само од пратениците.

– Гласањето на уставните измени е важно за идниот европски курс на државата. ДУИ е партија која ветува и остварува. Во насока на нашата партија ние би се жртвувале за Северна Македонија да влезе во Европската Унија, велат од ДУИ за „Фронтлајн“.

Фракцијата на ДУИ предводена од Изет Меџити, Муса Џафери и Блерим Беџети оценува дека преговорите за проширена Влада се политичка трговија во која не се гледаат.

– Ќе направиме се што е во наша моќ да го помогнеме овој процес кој е корисен за сите граѓани и единствен пат кон трајна стабилност и благосостојба. За нас се од мала важност владините комбинации, изјавија од фракцијата на Изет Меџити и Муса Џафери.

Од Движењето БЕСА се изјаснија дека нивната партија ќе биде дел од Владата дури по парламентарните избори, на кои, според нив, овој субјект ќе биде победник во албанскиот политички табор.

Алтернатива на Африм Гаши, бара прво да се докаже дека во Собранието има бројки за уставни измени и да се исполнат нивните барања за остранување на дефиницијата „20%“ за албанскиот јазикот, додавајќи дека учеството во Влада со проширен формат е од мало значење за нив.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владапартии на Албанцитеуставни измени

НАЈНОВО

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Регионална конференција за медиуми во Сараево: Новинарството и вештачката интелигенција

May 29, 2025

„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до ЈО: Имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите во Општина Чаир активно се уништуваат докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk