ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Одбележан петгодишниот јубилеј на „Европскиот квиз на пари” во нашата земја

June 13, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера, во Македонската банкарска асоцијација (МБА) се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари” во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации.

На средбaта, претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за образование д-р Јетон Шаќири ги поздравија победничките тимови на овогодишниот национален натпревар „Европскиот квиз на пари”: првопласираните Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од ООУ „Мите Богоевски” – Ресен со менторката Соња Стрезовска, кои ја претставуваа нашата земја на европското финале на 16 мај во Брисел, Белгија; второпласираните Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од СОЕУ „Јане Сандански” – Битола со менторката Билјана Кочовска и третопласираните Никола Павловски и Дарија Јакимовска од ОУ „Гоце Делчев” – Илинден со менторката Данче Нацевска.

Претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, нагласи дека сите членки на МБА секогаш ќе им даваат максимална поддршка и поттик на младите луѓе што покажуваат интерес за продлабочување на своите знаења од областа на финансиите и економијата.
– Навистина е големо задоволството што „Европскиот квиз на пари” во нашата земја успешно се реализира веќе 5 години. МБА ќе продолжи да вложува во едукацијата на младите зашто тие се нашата иднина и колку повеќе младите се едуцирани за финансиите, толку поуспешни ќе бидат бизнисите што ќе ги започнат во иднина или финансиските одлуки што ќе ги донесат – истакна Стевкова-Штериева.

На средбата, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека според последното мерење на финансиската писменост во нашата земја, младите на возраст од 18 до 29 години имаат 54% од вкупните бодови за финансиски знаења, што е малку под просекот од регионот којшто изнесува 56%. Оттука, постои простор за подобрување преку едуцирање на најмладите уште од ученичките клупи, со заеднички напори како од страна на финансиските регулатори и приватниот финансиски сектор, така и од страна на образовните институции. Првата национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто Народната банка и другите финансиски регулатори ја донесоа во 2021 година, меѓу другото, предвидува и активности за поголема застапеност на финансиската едукација во формалното образование, за што соработката и поддршката од надлежното министерство ќе бидат од огромно значење.

Притоа дополни: „Народната банка и натаму ќе работи на афирмација на финансиската едукација меѓу младите, преку своите редовни предавања за сите заинтересирани училишта, но и преку постојано осовременување на начинот и формата на презентациите и едукативните материјали, водејќи сметка за соодветна застапеност и на дигиталните канали, како попривлечни за младите.”

Во своето обраќање министерот за образование Јетон Шаќири истакна:

– Во постојниот образовен систем се вклучени одделни сегменти на финансиската едукација, но ни претстојат уште активности, заедно со регулаторните институции на финансискиот систем, приватниот сектор и нашите меѓународни партнери, доколку сакаме финансиската едукација да ја поткренеме на повисоко ниво, создавајќи генерации подготвени да ја преземат одговорноста за својата финансиска иднина.

Честитајќи им за постигнатиот успех, на натпреварувачите и на нивните ментори им беа врачени и симболични подароци од МБА и Народната банка.

Учеството на нашата земја на „Европскиот квиз на пари” е во организација на Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за образование и наука и Министерството за финансии.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Европски квиз на пари"МБА

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk