ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Милатовиќ: С. Македонија и Црна Гора се пример за добрососедска соработка и придонесуваат во европската стабилност 

June 16, 2023 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со новоизбраниот претседател на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Премиерот Ковачевски го честиташе претседателскиот мандат на Милатовиќ како и неодамнешното успешно заокружување на парламентарните избори во Црна Гора, со изразена верба дека ќе продолжат одличните односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора и со идната црногорска влада, како на билатерален план, така и во регионални рамки и на европскиот пат.

Заеднички е констатирано дека двете земји имаат блиска пријателска соработка, без отворени прашања и се пример за добрососедски односи во регионот.

Во таа насока, Ковачевски и Милатовиќ ја истакнаа заедничката определба за придонес во регионалната и европската стабилност и во развојот на Западен Балкан како дел од Европската Унија.

Премиерот Ковачевски ја оцени како значајна соработката со Црна Гора, во рамки на партнерството во НАТО и како држава којашто веќе ги отвори сите поглавја во преговарачкиот процес со ЕУ.

„Владата на Република Северна Македонија и јас како Премиер, со силен фокус работиме на натамошниот напредок на нашата држава на европскиот пат. Во таа насока се и нашите засилени активности во моментов за политичко обединување и донесување на потребните одлуки во Собранието. Северна Македонија отсекогаш била пример за успешна мултиетничка демократија и општество за сите граѓани кои имаат еднакви права и одговорности пред Уставот и законите. Со внесувањето и на други етнички заедници во нашиот Устав, меѓу кои и припадниците на црногорската заедница во Северна Македонија, докажуваме дека сме Европа во мало и држава која доследно ги почитува европските вредности, поради што веќе заслужи да биде дел од Европа”, рече премиерот Ковачевски.

На средбата се споделени искуства за текот на евроинтеграцискиот процес и се изразени определби за уште поактивна билатерална и регионална соработка.

Tags: КовачевскиМакедонијаМилатовиќЦрна Гора
Next Post

Орбан во Тирана: Срамно е колку бавно оди евроинтеграцискиот процес на Албанија

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk