Велика Британија побара итно ослободување на тројцата косовски полицајци кои беа киднапирани на 14 јуни од српските сили на северот на Косово, пренесуваат косовските медиуми.
Британската влада во ова коминике се осврна на апсењето и киднапирањето на полицајците.
„Повикуваме на итно ослободување на тројцата косовски полицајци приведени на 14 јуни. Ги повикуваме Косово и Србија да покажат максимална воздржаност, да избегнуваат еднострани мерки и да преземат итни мерки за намалување на тензиите. Ги повторуваме нашите повици до премиерот Курти и неговата влада да се погрижат избраните градоначалници на општините да ги извршуваат своите привремени должности од алтернативни локации надвор од општинските згради и дека специјалните полициски единици ќе бидат повлечени од општинските згради“, се вели во реакцијата на Владата на Велика Британија.
Понатаму во оваа реакција, британската влада напиша дека треба што поскоро да се распишат нови, сеопфатни избори.
Преземено Цивил Медиа