ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ружин: Сите приказни за бугаризација паднаа во вода

June 17, 2023 10:43
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Нано Ружин

Нано Ружин

Со изгласувањето на резолуцијата во германскиот Бундестаг е испратена порака кон Северна Македонија, кон власта, кон опозицијата и јавното мислење, дека ЕУ останува на своите тврдења и ветувања дека никој со Преговарачката рамка не може да го смени нашиот дигнитет. „На тој начин сите приказни за бугаризација паѓаат во вода“ заклучува  поранешниот македонски амбасадор во НАТО, Нано Ружин.

„Државата на Фон дер Лајен го завери македонскиот јазик, главниот белег на секој идентитет, како официјален, посебен и значаен елемент на нашиот идентитет. Ако со Преспанскиот договор беше потврден и обезбеден територијалниот интегритет и државниот суверенитет на Македонија, оваа резолуција го потврди она што ЕУ го направи со утврдувањето на Преговарачката рамка со која беа потврдени посебноста на Македонците како народ и македонскиот јазик како посебен“ вели Ружин.

Според него, друг елемент на оваа резолуција , е фактот што на овој начин Германија, едниот од моторите на ЕУ, дава ветер во грб на нашите европски амбиции, ги отфрла сите скепси и стравови дека се работи за уште една празна фраза, туку напротив како резолуција на Бундестагот, тоа значи дека зад неа застанале пратеници во име на целата држава.

„Како уште еден елемент може да се додаде дека тоа е пораз на бугарската политика за непризнавање на македонскиот јазик, ако знаеме дека бугарското раководство испрати писмо до сите членки на ЕУ да не се користи изразот македонски јазик. Оваа резолуција е реакција на таа постапка на членка на ЕУ како што е Бугарија. Тоа не е прифатливо за една од најзначајните држави на унијата“ потенцира професорот по меѓународна политика Нано Ружин.

Тој смета дека ова ќе биде поттик на сите наши националистички интелектуалци, луѓе коишто можеби не ја сфатиле пораката на ЕУ и не сфатиле дека сме пред вратите на ЕУ и дека само со прифаќање на промените на Уставот можеме да си обезбедиме мирен влез во ЕУ.

Tags: БундестагНано Ружинрезолуција
Next Post
Уништени згради како резултат на интензивни борби, среде руската инвазија, во Бахмут, Украина,15 јуни 2023 година (Foto: Reuters)

Украинските сили напредуваат во јужните сектори на контраофанзивата

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk