Претставниците на владите на Германија и на Кина предводени од канцеларот Олаф Шолц и кинескиот премиер Ли Кечијанг денеска во Берлин се очекува да разговараат за натамошната соработка меѓу двете земји.
Главна тема ќе биде борбата против климатските промени и поврзаното реструктуирање на економијата, но разговорите најверојатно ќе се фокусираат и на трговските односи и руската војна против Украина, за чиј крај Кина се обидува да посредува.
Германската Влада редовно свикува консултации со особено важни партнери или земји кои се од големо значење за Берлин.
Од кинеска страна во консултациите ќе учествуваат десет владини претставници, а од германска страна девет. Според традицијата, кинескиот државен и партиски лидер Си Џинпинг не учествува во такви разговори.
Се очекува во попладневните часови Шолц и Кечијанг да учествуваат на економски форум. Кинеската делегација потоа ќе отпатува за Минхен, каде се планирани преговори со претставници на компании.