ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими и Јовески потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во С. Македонија

June 21, 2023 14:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија.

Меморандумот за соработка денеска беше потпишан од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими и јавниот обвинител на РС Македонија, Љубомир Јовески.

Иницијативата за Меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси е резултат на добрата пракса во земјите-членки на Европската унија, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Унијата.

Оттука, Mинистерството за финансии како координатор на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија ја иницираше потребата од потпишување на меморандуми за соработка од областа на заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија. Меморандумите се подготвуваа во рамки на ИПА Твининг проектот „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола”, со поддршка на експерти од Хрватска и Латвија.

„Верувам дека со координација на клучните институции ќе се зајакне соработката во областа на заштита на финасиските интереси посебно од аспект на размената на информации, меѓусебна обука и едукација, споделување на најдобрите практики преку учество на заеднички состаноци во рамките на Системот за заштита на финансиските интереси на ЕУ, како и подигнување на јавната свест преку заеднички комуникациски активности во областа на спречување на неправилности и измами и координација со цел да се избегне удвојување на дејствијата” – истакна министерот Бесими.

Покрај Јавното обвинителство, Меморандум за соработка со Министерството за финансии денеска беше потпишан и од страна на директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и главниот ревизор во Ревизорското тело за ревизија на инструментот ИПА, Адем Цури, како институции кои се исто така клучни за ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

Tags: БесимиЕУЈовескимеморандум
Next Post

Претставници на Иран и ЕУ разговараа за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година

НАЈНОВО

Започнува 22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“

August 20, 2025

Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат

August 20, 2025
Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk