Професорката Катерина Колозова во неколу точки за уставните измени и блокадата на Левица и ВМРО-ДПМНЕ на патот до полноправно членство во ЕУ.
1) Не може да ме убеди никој дека непризнавањето на бугарско малцинство во земјава за сметка на полно ЕУ членство е цена што вреди да се плати и дека обичниот граѓанин се согласува со тоа. ВМРО не претставува никого. Левица претставува млади кои оваа позиција ја гледаат како анти-империјалистичка, и во ЕУ има евроскептична радикална Левица. Затоа нив ги оставам на страна, барем некого автентично претставуваат. Мицковски не го претставува просечниот човек. Не ми ги цитирајте манипулативно изведените – а некои и апла фејк – анкети.
2) Конечно секому и со IQ под 90 му е јасно дека признавањето на бугарско малцинство значи разлика од македонското мнозинство. Ова противење не е мотивирано од патриотизам туку заднински олигархиски интереси, напиша проф. Колозова.