ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АД ЕСМ подготвено за тендерот на ЕВН Хоум, цената на струјата што е понудена ќе се знае по завршување на тендерската постапка

June 22, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
ЕВН. Фото: Ангел Ангеловски

ЕВН. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска потврдија дека АД ЕСМ е подготвено за учество на тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоум од кој најмногу зависи цената на електричната енергија што ќе ја плаќаат корисниците на регулираниот пазар во наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули.

-ЕСМ е подготвено како што беше подготвено и цела 2023 година во текот на грејната сезона, како и во 2022 година да се појави на тендерот на ЕВН Хоум, а која цена ќе ја понуди ќе мора да прашате во ЕСМ, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на фабриката АД „Европа“ во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи појасни дека цената што ќе ја понуди АД ЕСМ на тендерот се дефинира на затворена седница на Влада и додаде дека заради тоа не може да ја изнесат во јавноста.

-Има причина зошто се носи цената на затворана седница. За два дена завршува тендерската постапка во ЕВН и сите ќе знаеме која е цената што ќе биде понудена од ЕСМ, рече Битиќи.

За враќањето на дневната евтина тарифа порача дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) треба да каже кога може да се аплицира.

-Се уште како Влада стоиме на ставот дека треба да се врати евтината дневна тарифа. РКЕ треба да каже кога е тоа можно да се аплицира, потенцира Битиќи.

Tags: БитиќиЕВНструја
Next Post

10 години Шарла Рекордс

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk