ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Кризите во изминативе неколку години ја забавија конвергенцијата

June 22, 2023 13:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По глобалната финансиска криза, процесот на доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан забавува. Кај нас од 2009 година наваму, нивото на конвергенција е повисоко за 8 п.п., темпо коешто пред глобалната финансиска криза е постигнато за само седум години. Ова упатува на речиси двојно побавна конвергенција, иако е малку побрза од просечната во регионот. Кризите со кои се соочуваме во изминативе неколку години претставуваат дополнителен предизвик за конвергенцијата. Симулациите покажуваат дека растот во периодот 2020 ‒ 2024 година ќе биде помал за околу 10 процентни поени во споредба со претпандемичните очекувања. Симулациите за конвергенцијата покажуваат дека во отсуство на кризите, таа би била повисока за 5 п.п. Покрај ова, кризите поттикнаа нови среднорочни и долгорочни ризици, како што е ризикот од економска фрагментација, климатските промени и предизвиците поврзани со дигитализацијата. Сето ова уште повеќе ја нагласува потребата од структурни реформи со кои ќе се опфатат старите предизвици, но и новите коишто произлегоа од неодамнешните кризи.

Ова се заклучоците од научниот труд „Повеќекратните кризи и реалната конвергенција – закана или можност? Случајот на Република Северна Македонија”, подготвен од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. Гувернерката Ангеловска-Бежоска го презентира трудот во рамките на Меѓународната научна конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети”, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија.

Структурните реформи со кои ќе се опфатат сите три фактори на растот ‒ трудот, капиталот и продуктивноста се клучни за зголемување на потенцијалот на раст на нашата економија и за забрзување на конвергенцијата. Политиките со кои би се зајакнал придонесот на факторот на труд треба да се насочени кон ублажување на ефектите на емиграцијата, подобро искористување на можностите од дијаспората како дознаките, инвестициите и трансферот на технологија и знаење, како и подобро искористување на човечкиот капитал. Поттикнувањето на домашните и странските инвестиции, вклучувањето во глобалните синџири на снабдување и вложувањето во обновливите извори на енергија ќе придонесат за зголемување на капиталот. Сите овие реформи, заедно со поефикасната распределба на ресурсите и подигнувањето на квалитетот на институциите ќе доведат до зголемување на продуктивноста и обезбедување подинамичен и поинклузивен раст на домашната економија. Пристапувањето во ЕУ може да го забрза овој процес, што е потврдено преку искуствата на земјите од Централна и Југоисточна Европа. Од исклучително значење е и поддршката од европските и меѓународните финансиски институции, коишто ќе му овозможат поддршка на процесот преку обезбедување соодветни средства потребни за остварување на инвестициите.

Tags: Ангеловска-БежоскаекономијаМАНУНБ
Next Post
ЕВН. Фото: Ангел Ангеловски

АД ЕСМ подготвено за тендерот на ЕВН Хоум, цената на струјата што е понудена ќе се знае по завршување на тендерската постапка

Shortcut

Најново

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk