Руските затвореници кои Путин го ослободи од издржување затворски казни за тешки кривични дела, силувања и убиства, за да се борат за озлогласената парамилитантна група Вагнер во Украина, при враќањето од фронтот дивеат по улиците на руските градови.
Застрашувачката видео снимка покажува крвави траги во внатрешноста на возот во кој дивеел платеникот на Вагнер додека руската војна во Украина добива уште еден брутален пресврт.
Видеото споделено на социјалните мрежи ги покажуваат креветите, масите, подот, вратите и ѕидовите посипани со крв во возот кој патува од Украина до Русија.
Игор Сушко, истражувач од Истражувачката група „Ветрови на промените“ ја сподели информацијата на Твитер.
Руски убиец регрутиран од затвор од Вагнер ПМЦ и помилуван од Путин дивее во воз на враќање од Украина во Русија. На едно лице му го пресекол грлото и на друго му ја прободел главата, напиша Сушко.
Russian murderer recruited from prison by Wagner PMC & pardoned by Putin went on a rampage on a train on his way home from Ukraine in Russia. Slashed one person’s throat & stabbed another in the head. Prigozhin said 32,000 pardoned criminals are now loose all over Russia. pic.twitter.com/rTQyUx2zeE
— Igor Sushko (@igorsushko) June 21, 2023
Сушко додаде дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин – близок доверлив човек на рускиот претседател – рекол дека 32.000 помилувани криминалци „сега се лабави низ цела Русија“.
„Од 18 јуни 2023 година, 32.000 лица претходно осудени и кои учествувале во специјалната воена операција меѓу редовите на ПМЦ Вагнер си отидоа дома по завршувањето на нивните договори“, рече основачот Евгениј Пригожин, користејќи го терминот на Кремљ за руската инвазија. на Украина.
Овие 32.000 вагнерови платеници кои ја преживеаја Украина својата слобода му ја должат на Пригожин. Многумина веројатно ќе функционираат како платеници кои сега може да ги активира низ цела Русија, вклучително и против режимот на Кремљ. Како за пример, Гиркин го зазеде Славјанск (106.972 жители) со 45 платеници во 2014 година, пичува Сушко.
На друга видео снимка се гледа како платеникот на ПМЦ на Вагнер, кој неодамна се врати од борбите во Украина, Василиј Мурачев пука во Александар Ракислов, претседател на локалната боксерска федерација и двајца други во Ангарск, Русија.
Wagner PMC mercenary who recently returned from fighting in Ukraine, Vasily Murachev shot Alexander Rakislov, local boxing federation president and two others in Angarsk, Russia. Number of Russian civilians murdered by Wagner mercenaries is rising rapidly. Happened yesterday. pic.twitter.com/6yV2ir31xM
— Igor Sushko (@igorsushko) June 22, 2023
Реинтеграцијата во руското општество на помилуваните затвореници кои се враќаат од фронтот во Украина станува се по крвава додека бројот на руски цивили убиени од платениците на Вагнер рапидно се зголемува.
Драган Мишев / Цивил Медиа