По премиерата на претставата „Улаф сте“ во Битола, следуваат неколку репризи во Скопје, Крушево, Струга, Битола, Прилеп.
На 19 јуни беше изведена во Крушево. Вечерва ќе биде во Битола, со организиран бесплатен превоз за прилепската публика до Битола и назад.
В поненелник ќе се игра во Струга, на 29 јуни во Скопје и на 30 јуни повторно во Битола.
„УЛАФ СТЕ?“ / Are you crazy? е прва професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.
Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.
Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.
Извор: Тера