Украинската војска ги користи искуствата од првите две недели од најновата контраофанзива за цели на усовршување на тактиката и на постигнување сигурен напредок во сите клучни области, стои во извештајот на Министерството за одбрана на Обединетото Кралство кој се повикува на најновата Твитер објава на одбранбеното разузнавање, пренесува Укринформ.
Забележано е дека во последниве денови, украинските трупи преземаа значителни офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина.
Украинската војска го користи искуството од првите две недели од контраофанзивата за да ја усоврши тактиката за напад на длабоката, добро подготвена руска одбрана“, се вели во извештајот.
„Украинските единици постигнуваат постепен, но постојан тактички напредок во клучните области“, потенцираат британските разузнавачи.
Британското разузнавање ги забележува „малите успеси“ на Москва, додавајќи дека украинските сили „спречиле пробив“.
Според Генералштабот, од 24 февруари 2022, украинските одбранбени сили елиминирале 223.910 руски напаѓачи.
Извор: ЦИВИЛ Медиа