ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот

June 27, 2023 13:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива.

На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на блиската соработка и партнерство за постојана стабилност и отпорност на Југоисточна Европа.

Тој оцени дека изминатата година ја одбележаа низа позитивни придвижувања на европската агенда, отворањето на преговорите со Скопје и Тирана, доделувањето кандидатски статус на Сараево, Кишињев и неодамна, одобрувањето на визната либерализација за Приштина, пренесува РТЦГ.

Поставени како сеопфатен приоритет на нашето претседателство, европската интеграција останува главен катализатор за неопходните политички, институционални, економски и безбедносни реформи за аспирантите од нашиот регион и пошироко. Регионот мора да најде консензус за да продолжи напред со заеднички напори и да го забрза процесот на интеграција. Според тоа, членството во Европската Унија не треба да се гледа како еднократен збор, туку како постојан баланс на взаемна одговорност и придобивки, рече Милатовиќ.

Тој потсети дека Црна Гора неодамна ја прослави шестгодишнината од членството во НАТО и оти влезот во Алијансата може да се смета како увертира за приемот на земјата во ЕУ.

Претседателот на Црна Гора истакна дека е привилегија што на самиот почеток на својот мандат има можност да размени мислења со највисоките претставници на членките на ПСЈИЕ за можностите за натамошен развој на регионалната соработка во рамките на овој важен форум.

– Црна Гора придава големо значење на зајакнувањето на регионалните врски и ја гледа регионалната соработка како предуслов за севкупен развој, стабилност и обезбедување подобар квалитет на живот за сите наши граѓани, рече Милатовиќ.

Тој истакна дека заканите кои произлегуваат од руската инвазија на Украина ја доведоа безбедноста на самиот врв на регионалната и европската политичка агенда и додаде дека членките на ПСЈИЕ се длабоко загрижени за актуелните тензии во регионот и дека очекува одржливи решенија да се постигнат преку мир и дијалог.

Tags: МилатовиќПендаровскиПСЈИЕ
Next Post

Во 2022 година планетата Земја загуби 4,1 милиони хектари тропска шума

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk