Службениците за спроведување на законот започнаа истрага за рускиот напад врз Краматорск во регионот на Доњецк со два ракети Искандер, кој се случи вечерта на 27 јуни 2023 година, изјави Украинското државно обвинителство на Телеграм.
„Осум загинати и 60 повредени. Ова се последиците од двојниот ракетен напад врз Краматорск ден претходно. Меѓу убиените има и три тинејџерки – една од нив имала 17 години, а две сестри на 14 години“, напиша Костин.
Спасувачките работи се во тек. Луѓето можеби се уште се заробени под урнатините.
„Два проектили „Искандер“ беа испукани вечерта, кога луѓето штотуку се враќаа дома после работа. Рускиот криминален режим ја продолжува тактиката на предизвикување терор врз мирните Украинци“, нагласи Костин.
Вечерта на 27 јуни 2023 година, руските трупи извршија два ракетни напади врз Краматорск во областа Доњецк. Еден непријателски проектил погодил ресторан во центарот на градот, а другиот го погодил селото Биленке.
Подготви: Ј. Ѓ.