„Факт е дека Бугарија никогаш не го оспорувала правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот современ идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на земјата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историјa…”
Им пишал Радев на лидерите на Европската унија соопштувајки дека овие работи ќе бидат услови плус за влез на Македонија во ЕУ.
Јас не го сакам Раденчо, мислам дека тој не ги разбира ниту бугарските, ниту македонските, ниту европските интереси, не знам дали е тоа поради менталните и интересовни насоки кои му стигнуваат од Москва или е тоа природна состојба на духот, но да го баталиме тоа, јас во неговата изјава не само што не гледам ништо лошо туку гледам можности за обнова на надежта дека проблемите со браќата Бугари можеме да ги решиме како што и тие можат да ги решат проблемите со нас.
Ние забораваме дека сме проблем за нив.
Значи: Бугарија никогаш не го оспорувала правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот современ идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат.
Што сакаме ние повеќе?
Второ: Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на земјата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историјa…
Точно е дека дел од македонскиот идентитет е граден на антибугарска основа, не гледам зошто Македонија тоа не би го признала како поради оправданите барања на Бугарија така и поради потребата од соочување со вистината за себе.
Точно е и тоа дека во конституирањето на тортата на современата македонска нација се користени и бугарски пандишпани и сега треба да се договориме не околу вистината за тоа туку околу „тоа што нада делат”: да ги вратиме тие пандишпани и да платиме рента за долгогодишното користење, да испреговараме продолжување на наемот или да се надеваме на велокодушноста на Бугарија која ќе рече: Живејте, бе, братја Македонци, не ви искаме никакав наем, вие сте наш род.
Не гледам начин да не се дојде до решение.
Освен ако македонските патриотически сили
не кажат- не, се е македонско, од Аврам преку Исус до Аспарух, Хан Крум и Лили Иванова.
Хахаха!