Украина се обидува да го локализира производството на западно оружје, како и да го развие производството на беспилотни летала за да може индустријата да стане најмоќна во Европа, изјави претседателот Володимир Зеленски во својот говор во Врховната рада по повод Денот на Уставот на Украина, пренесува Укринформ.
„Украина научи да произведува морски дронови. Успешно ги користиме. Генерално, производството на беспилотни летала од различни типови е индустрија што треба да стане во Украина – и ќе стане – најмоќната во Европа“, рече Зеленски.
Тој истакна дека секој што претендира да биде во првите редови на оваа модерна индустрија треба да знае дека во Украина ова е „најпрофитабилната, јасна, специфична референтна точка за државната политика“.
Зеленски додаде дека Украина се обидува да ги локализира и произведува системи за противвоздушна одбрана, тенкови, пушки и оклопни возила, така што „нашите војници секогаш имаат оружје“.
Подготви: Ј. Ѓ.