Во Брисел беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“.
Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската Комисија.
За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја:
„Денес нашите партнери, кои застанаа покрај нас за време на дигиталната револуција и предизвикувачките реформи, ја ценат посветеноста на Министерството за информатичко општество и администрација, за ова значајно достигнување, дигиталната трансформација што донесе транспарентност на јавната администрација преку дигитализацијата на јавните услуги.
Нашата Влада останува решена да ја продолжи дигиталната трансформација со барањата и параметрите на ЕУ.
Овој важен договор ја покажува посветеноста на Северна Македонија за унапредување на дигиталната инфраструктура и прифаќање на можностите на дигиталната ера.
Програмата „Дигитална Европа“ ќе обезбеди стратешко финансирање за одговор на овие предизвици, поддржувајќи проекти во пет клучни области на капацитет: во суперкомпјутер, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување на широка употреба на дигитални технологии во економијата и општеството, вклучително и Дигитални иновативни центри“, изјави министерот Алиу.
Инаку, министерот Азир Алиу е во тридневна официјална посета на Брисел, каде оствари низа значајни средби.