ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Јакимовски: Баткото на Дрин Ахмети вчера сакаше да предизвика инцидент сличен на „шамарите во Центар“

July 6, 2023 12:19
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледно Христијан Мицкоски многу го пече прашањето за хидроцентралите, а прашањето е многу едноставно, само да каже на колку години ја направил првата хидроцентрала. Ако каже, ќе видите дека му е батко на Дрин Ахмети, дека не е многу постар од него, истакна градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната конференција за новинари на која го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за најодговорен за вчерашните случувања за време на седницата на Советот на општина Карпош.

Христијан Мицкоски место да организира протести пред владата на Р. Македонија, тој организира протести кај опозицијата и тоа за измислен проблем. За улица која што ја проектирал Коце Трајановски, ја потврдил Миле Јанакиевски да го обвинуваат Стевчо Јакимовски, рече градоначалникот.

Јакимовски истакна дека планот е направен на најдемократски начин, согласно ГУП-от, а точките од дневниот ред беа повлечени за да се избегнат евентуални физички пресметки по сценарио слично на „шамарите во Центар“.

-Како наводно јас ќе направам улица со која што ќе го срушам шеталиштето кое што јас сум го направил ќе ја срушам фонтаната која што јас сум ја направил ќе ги срушам дрворедите, клупите и се останато кое јас сум го направил. А вистината е дека тоа се улици направени согласно ГУП и ние само ги преземаме од ГУП-от. Сите барања на граѓаните беа испочитувани и викнати на повторен состанок дали е тоа така како што тие барале. Значи планот е направен на најдемократски начин. Јас вчера ги повлеков сите точки од дневен ред со една единствена цел, затоа што бев известен дека веќе наша колешка два пати била удрена. Како искусен политичар сакав да го избегнам ова сценарио кое што беше многу слично со „шамарите во Центар“, но таму нивните членови беа надвор, а тука, нивните членови и со заведени граѓани беа внатре и можеше да настане општ хаос кој што многу ќе не потсетуваше на 27 април. Сакајќи да избегнам евентуални физички пресметки каде потоа ќе имаме истраги, притвори и така натаму… , да го заштитам и дигнитетот на општината, и угледот на општината, како и тие граѓани кои дошле и советниците и вработените, јас ги повлеков точките од дневен ред, со цел да се смири целата ситуација и во исто време сакам да порачам дека граѓаните на општина Карпош и понатаму имаат доверба во своето раководство и ние работиме само за нивниот интерес и ништо повеќе, истакна градоначалникот Јакимовски.

Tags: Дрин АхметиЈакимовскиМицкоски
Next Post

Профитот на банкарите од непрофитното граѓанско здружување

Shortcut

Најново

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk