ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

По Мијалков, и конфискуваниот имот на Никола Груевски на јавна аукција

Агенцијата постапи со скратена процедура против Никола Груевски на кој му се одземени четри недвижнини. За истото барање за оцена е доставено до министерот за правда-Биро за правно вештачење. По поднесените оценки, за за нив ќе биде започната процедурата за продажба, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

July 6, 2023 13:04
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Се следи процедура и многу брзо нелегалниот стекнат имот на поранешниот премиер Никола Грувески ќе биде на јавна беразнска аукција. Четри недвижнини му се веќе одземени и со нив раководи нашата дирекција. Нема да има компромис за ниту еден поранешен функционер кој ја злоупотребил службената положба и се збогатил на сметка на државата. Имотот на сите ќе биде конфискуван и продаден“, изјави за „Фронтлајн“, Дритон Небиу – директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Дритон Небиу
Дритон Небиу

– Во државниот буџет досега се префрлени 6.100.000 евра. Имотот изнесува 14.144.000 евра. Акциите кои котираат на Македонската берза се во вредност од 351.853 евра и истите ќе бидат понудени на аукција по одлуката на Владата на Република Северна Македонија. Агенцијата постапи со скратена процедура против Никола Груевски на кој му се одземени четри недвижнини. За истото барање за оцена е доставено до министерот за правда-Биро за правно вештачење. По поднесените оценки, за за нив ќе биде започната процедурата за продажба, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

Башким Селмани
Башким Селмани

Башким Селмани, професор по кривично право за „Фронтлајн“ вели дека, за жал, случаите од ваков карактер се застарени на тивок начин со тивки политички препораки и тоа ги зголемува дилемите за пропусти во институционалното извршување.

– Кривично-правните постапки предвидуваат ваква форма на решение, по правосилноста на пресудата. Државата и извршните институции се должни да преземат извршни дејствија за условите и начинот на извршување на извршната пресуда, нагласи Селмани.

На 19 јули на јавна беразнска аукција ќе можe да се купуваат акцииите на Сашо Мијалков конфискувани во премтот Империја. Шест милиони кеш пари легнал на сметка на владата, но се очекуваа зелено светло за распродажба на стнаовите и парцелите во Гевгелиај и Охрид. Мијалков доби три години затвор, додека државата за возврат 30 милиони евра. Мијалков, вложи 30 милиони евра во готовина и недвижини за висината на казната од три години за перење пари во „Империја“. Во случајот Империја, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди во предметот Империја. Со спогодбата, Мијалков е осуден на три години затвор, а му беше одземен имот во вредност од околу 30 милиони евра меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Покрај за имотите на Мијалков од случајот „Империја“, се очекува конфискација и за „Трансмет“ и Бачило“ на Иснифарис Џемаили, случаи кои веќе подолго време се заглавени во лавиринтите на институциите

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Од друга страна Министерството за правда изготви предлог закон со кој се изнајдени решенија за извршувањето на неспроведливите конфискации и за менаџирање со одземениот имот. Со предложените измени се зајакнува улогата и се зголемува одговорноста на Управниот одбор на Агенцијата, се унапредуваат начините на продажба на конфискуваниот имот преку предвидување на дополнителни начини за продажба, се воведува можноста за првенствено купување на сосопствениците на одземените или конфискувани предмети кои што се во сосопственост.

Најголемиот дел од направените измени се во насока на подобрување на постојната правна рамка во која има недоволно јасни постапки во однос на извршувањето на решенијата и пресудите за конфискација на имот и имотна корист, промени на недоволно јасните аспекти поврзани со имот кој е конфискуван од правни субјекти, а над кои е отворена стечајна постапка, конфискација на дивоградбите, прашања поврзани со заложно право над конфискуваниот имот и слично.

Дестан Јонузи

Tags: Башким СелманиДритон Небиуконфискација на имотНикола ГруевскиСашо Мијалков
Next Post

Масовно труење со гас во ЈАР, починаа најмалку 16 лица

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk