Активистот Ацо Лукароски денеска на својот фејсбук-профил индиректно и се обрати на актерката и една од главните иницијатори на неформалната еко-група „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, поттикнат од расфрланиот смет во Скопје и незаинтересираноста на градските власти за овој проблем.
Што мислите, дали Ирена Ристиќ ќе гласа на следните избори, или тој ден ќе собира ѓубре низ Аеродром и другите делови од Скопје?:) #Јер разочарана, пишува тој.
Лукароски додаде дека „ФБ страницата „Не биди ѓубре“ не е активна… Ама тоа само привремено… Пак ќе се реактивира кога ќе биде избран градоначалник од СДСМ! #Јер неутрални“.