Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук истакна дека „и историски и современо, ВМРО- ДПМНЕ е и бугарска и македонска политичка партија“.
– Бугарска со Александров и Михајлов и со Љубчо и Доста.
– Македонска со Делчев и Сандански и со Змејко и Јове.
Сега се чека “расплетот”: Актуелното партиско водство на ВМРО-ДПМНЕ историски е со Гоце и Јане или со Тодор и Ванчо?
Или, пак, современо, е со Радев и Јотова??, напиша Иванов на својот фејсбук-профил.