Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Кога СДСМ се грижеше за општината Карпош, со камери беа ‘уловени’ луѓе дека од контејнери вадат ѓубре и го расфрлаат наоколу.
Кога сдсмовскиот градоначалник на општина Бутел ќе се пофалеше на социјалните мрежи дека поставил нови клупи на некоја локација, веќе следниот ден тие клупи се кршеа.
Кога Македонија го имаше најголемиот проблем со загадување на воздухот, во многу градови беа масовно палени контејнери од страна на „патриотите“.
Но тие работи и не се нашиот најголем проблем. Многу поголем проблем е што вмровците се радуваа на таквите вести и успешно ја продаваа тезата дека со расфрлање ѓубре, кршење клупи и палење огнови ја спасуваат Македонија.
А проблем е што и ФБ експертите (‘ситесеисташи’ и ‘неутрони’), заедно со неколкуте невладини организации, излегуваа со критики за градоначалниците.
Истите тие сега гласно молчат за Данела, за Муцунски и за останатите вмровски градоначалници!