РИБАРО
Ѓубрето од скопските улици за денеска најави протест пред белата палата на вмровците, дознава АХА.
Доста ни е од вмровските игри на скопските општински и градски власти. Мицкоски и неговите градоначалници со политички сплетки од лична одмазда и меѓусебна нетрпеливост си играат играчки со нас и со градот. Злоупотребувајќи нè нас, го гушат градот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, наведуваат претставниците од скопското не собрано ѓубре.
„Преку глава ни е од вмровските сплетки. Каде е сега Мицкоски со зурлите и тапаните да ја слави Данела за градоначалник? Каде е сега Данела да се пекмези покрај вмровската врхушка свиена околу Мицкоски? Каде се сите оние лицемери што ги поддржаа?“, прашуваат претставниците.
Ма сите комплет сиктер и џенем да фатат. Ние сме отпад, ама тие се ѓубриња(!) во вистинска смисла на зборот. Ќе бидеме пред арамискава бела палата се додека не си ги соберат парталите и не ја раатисаат државата, градот и граѓаните, реагираат претставниците од скопското ѓубре.
– Баш ме брига, ѝ онака Се селам во Исланд!, кратко искоментира Мицкоски за АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK