ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европарламентот усвои Патокази за подобро справување на ЕУ со идни здравствени кризи

July 13, 2023 14:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Со 385 гласови „за“, 193 „против“ и 63 „воздржани“, Европскиот парламент усвои Патокози за зајакнување на Европската здравствена унија и за подобрување на капацитетите на националните здравствени системи на членките на ЕУ за справување со идните предизвици и евентуални нови здравствени кризи.

Патоказите се подготвени од страна на Специјалниот комитет на Европскиот парламент за пандемијата со Ковид-19 (ЦОВИ), кој го анализираше влијанието на корона кризата и ја оценуваше ефикасноста на ЕУ и националните здравствени системи и врз основа на тоа состави конкретни препораки за надминување на недостатоците и слабостите во нивните активности.

Патоказите за идни активности се базираат на четири главни области – здравствениот систем, почитување на демократијата и основните права, влијанието врз социјалните и економските аспекти и глобалниот одговор на ковид пандемијата.

Клучните препораки, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, опфаќаат поголема стратешката автономија на ЕУ при обебзедувањето лекови, транспарентност при заедничките набавки и посилна парламентарна контола на спроведувањето на законските акти поврзани со вонредни состојби, како на ниво на ЕУ, така и на национално ниво.

Европратениците, исто така, бараат максимлно искористување на средствата наменети за закрепнување на единствениот европски пазар од последиците од ковид кризата и подобра глобална координација во изработката на идниот меѓународен договор за пандемии.

Претседавачката на Комитетот, белгиската европратеничка од редовите на Парламентарната група на Социјалистите и демократите (СД), Кетлин Ван Бремпт за време на дебатата во седиштето на ЕП во Стразбур изјави дека при своите анализи ЦОВИ јасно увидел дека на ЕУ не и се потребни само алатки за развој на долгорочни политики, туку и јасни цели и патокази за дејствување.

– Европа мора да биде подготвена да дејствува брзо, ефикасно и во интерес на секој Европеец. ЕУ, исто така, мора темелно да ја оцени својата улога при глобалниот одговор на пандемијата и да се посвети повеќе од кога било досега на меѓународната соработка и солидарност, рече Ван Бремпт.

Таа додаде дека сега останува на Европската комисија да ги прифати препораките и предлозите на европратениците, со цел да ја направи ЕУ поотпорна на кризи и поподготвена за иднината.

Известувачката на ЦОВИ, шпанската европратеничка од редовите на групата на Европската народна партија (ЕПП), Долорс Монтсерат истакна дека предложените препораки се резултат на дијалог и консензус врз основа на анализа на одговорот на ЕУ на пандемијата, вклучително и на обезбедувањето на вакцини и издвојувањето на фондови за справување со последиците од кризата.

– Мораме да ја зајакнеме ЕУ, да ги заштитиме нашите здравствени работници, да се осигураме дека нема да занемариме ниту една болест и да им помогнеме на најранливите во општеството. Мораме да го зајакнеме истражувањето, да се бориме против лажните вести и кибер нападите и да создадеме конкурентен фармацевтски сектор кој ќе ја зголеми Стратешката автономија на ЕУ во здравството, додаде Монтсерат за време на дебатата.

Европскиот парламент го формираше Специјалниот комитет за пандемијата со Ковид-19 (ЦОВИ) во март 2022 година со задача ги оцени не само ефикасноста на здравствените системи и кампањата за вакцинација за време на корона кризата, туку и нејзиното пошироко социо-економско влијание, последиците врз владеењето на правото и демократијата, како и меѓународниот одговор на пандемијата.

За таа цел, изминатиов период ЦОВИ организираше сеопфатен консултативен процес преку серија јавни расправи и работилници и размена на мислења со експерти, креатори на политиките од институциите на ЕУ и меѓународните организации, епидемиолози, министри за здравство, претставници на фармацевтски компании, здравствени работници и истражувачи.

– Со усвојувањето на овој извештај, Парламентот одговара на очекувањата на граѓаните за зајакнување на отпорноста на нашите здравствени системи и конкурентноста на ЕУ и за обезбедување еднаков пристап до здравствена заштита за сите, како што е предвидено во заклучоците од Конференцијата за иднината на Европа, се наведува во усвоените Препораки.

Конференцијата за иднината на Европа се одржа на почетокот на мај минатата година со учество на највисоките претставници на институциите на ЕУ и земјите членки, но и на невладиниот сектор и граѓански и младински организации. Собирот беше замислен како нов и иновативен процес на кој европските граѓани со различно географско и социо-економско потекло, пол, возраст и степен на образование, можеа да го кажат своето мислење за тоа што очекуваат од Европската унија.

Tags: ЕПКОВИД-19препораки
Next Post

Руските затвореници го прогласија Пригожин за „предавник“

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk