ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ

July 14, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија.

Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со Директивата за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, додека Луксембург е обвинет за несоодветно усогласување со Директивата против даночно затајување.

Според Еврокомисија, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Шведска не ги применила правилата за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје согласно Директивата на ЕУ за огнено оружје, со кои се бара оружјето да има јасна, трајна и единствена ознака.

– Шведска не успеа целосно да ја имплементира Директивата до крајниот рок – 17 јануари 2020 година. Нецелосното усогласување од страна на Шведска ја загрозува целта на самата Директива за зајакнување на јавната безбедност во Унијата, посочува Европската комисија.

Брисел покрена прекршочна постапка против Шведска во мај 2020 година со испраќање на официјално писмо, по што во февруари 2022 година достави и образложение за одлуката. На 9 јуни годинава, шведските власти на Комисијата и доставија Нацрт-закон кој има за цел да ја имплементира Директивата, но тој се уште не е донесен, поради што извршното тело на Унијата реши да покрене постапка пред Судот на правдата.

Во однос на Естонија, Еврокомисијата смета дека земјата не успела да ја импементира Директивата ЕЦН+ за поефикасно спроведување и обезбедување на правилно функционирање на внатрешниот пазар, која ги обврзува власите на членките на ЕУ да ги спроведуваат антимонополските правила на Унијата.

Земјите членки на ЕУ беа обврзани да усвојат препораки и мерки за целосно усогласување со Директивата ЕЦН+ до 4 февруари 2021 година, Естонија доега не доставила до Брисел никакви одлуки во тој правец, поради што Европската комисија одлучи да ја тужи земјата пред Судот на правдата на ЕУ.

Луксембург, пак, се товари дека несоодветно го усогласил своето законодавство со Директивата против даночно затајување (АТАД1), во делот кој предвидува отстапки од обврската за плаќање камати на даночната основа за одредени финансиски друштва. Луксембург во својата регулатива во овие финанскиски друштва ги вклучил и правните субјектите што тргуваат со хартии од вредност, кои не се наоѓаат на листата утврдена со Директивата АТАД1.

Во мај 2020 година, Европската комисијата до Луксембург испрати писмо за формално известување за оваа неусогласеност, проследено со образложение доставено на 2 декември 2021 година и со барање земјата да изврши измени во своето законодавство во рок од два месеци.

– Бидејќи луксембуршкиот одговор на образложението не беше задоволителен, Комисијата сега одлучи да го упати Луксембург пред Судот на правдата на Европската Унија, се посочува во одлуката.

Tags: ЕУРегулативисуд
Next Post

Петровска: Уставните измени се прашање на државничка одлука која треба да се донесе со широк консензус

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk