ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадниовска Стојчевска му честиташе на Ристановски за наградата „Александар Лифка“

July 17, 2023 12:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Упатувам искрени честитки до нашиот импозантен и исклучително почитуван македонски актер, Никола Ристановски, за наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на годинешното 30-то издание на реномираниот Фестивал на европски филм Палиќ, кој започнува утре“, сподели министерката за култура, Бисера Костадниовска Стојчевска.

„Европскиот филмски фестивал Палиќ, освен што се вбројува како еден од најзначајните филмски фестивали во соседна Србија и во регионот, исто така, се карактеризира и по целосната европска содржина што ја нуди за филмската публика.

Покрај нашиот Никола Ристановски, добитници на наградата „Александар Лифка“ се и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела.

Фестивалот има за цел на филмското платно да бидат промовирани најквалитетните остварувања во современата европска кинематографија, што ќе придонесе за културно зближување и побогат културно-уметничкиот живот во целиот балкански регион.

На фестивалот, покрај главната и натпреварувачката селекција, ќе бидат прикажани филмови и во неколку други селекции, а земја во фокусот на фестивалот е Северна Македонија, со шест филмови: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот мора да умре“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Програмата се реализира во соработка со Агенцијата за филм на Северна Македонија“, додаде министерката.

Tags: Костадниовска СтојчевскаРистановски
Next Post

ЈСП – шлог машини!

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk