ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уставните измени се „лекот“ против руското влијание во Северна Македонија и во регионот

July 17, 2023 12:42
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Собранието ги изгласа заклучоците за Владата во однос на францускиот предлог. Фото: Принтскрин

Собранието ги изгласа заклучоците за Владата во однос на францускиот предлог. Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

„Преговорите со Европската Унија (ЕУ) нема директно да влијаат врз зголемување на руското влијание во Македонија, бидејќи државата е членка на НАТО и дел од заедничкиот безбедносен систем на Алијансата“, изјави за Фронтлајн, проф. д-р Ратко Дуев, Универзитетски професор, коментирајќи ја можноста за зголемување на руското влијание во Северна Македонија и во регионот, како резултат на евентуалното неуспех да се одобрат неопходните уставни измени за воведување на бугарската заедница во Преамбулата.

„Преговорите ќе влијаат повеќе врз економијата, поради можноста за достапност до европските фондови за развој. Проблемот е во дволичната европска политика која во голема мера влијаеше за проруските ставови кај голем дел од граѓаните во нашата држава. Како утеха за болната промена на името, сите европски лидери при потпишување на Преспанскиот договор, па и претседателот на Р. Франција, г-н Емануел Макрон, ветуваа дека тоа е последната наша жртва на патот кон НАТО и ЕУ. Но набргу следуваа нови условувања за Македонија на патот кон ЕУ. Од војната во Украина најголеми штети трпи Европа, а европските држави не извлекоа поуки од минатото“, вели професор Дуев.

Проф. д-р Ратко Дуев
Проф. д-р Ратко Дуев

За сите нас, додава тој, како дел од европскиот континент остануваат многу отворени прашања: Дали доколку Европа ги избегнеше балканските војни по падот на комунизмот и ги забрзаше процесите за интеграција на европските држави надвор од Унијата денес ќе имавме една поинаква Европа?

„Во новиот свет и новиот начин на војување и ширење на влијание, со хибридни војни, не само Македонија туку целиот регион ќе биде цел на ширење на руското влијание. Забележливо е што влијанието има подлабоки корени во нашето општество, не е ненадејна појава. За жал лошата политика на моќните европски држави кон Македонија во изминатите две децении беше искористено за зајакнување на руското влијание. На Балканот како мост и пат кон Истокот отсекогаш се судирале интересите на големите сили. Неговата целосна неинтеграција во НАТО и ЕУ остава простор за ширење на разни други влијанија кои може повторно да донесат деструкција во регионот какви што ни се познати од блиското минато. Историјата не учи дека Русија никогаш не водела политика од која Македонија имала некаква полза. Се надевам дека ќе бидеме мудри и ќе продолжиме по патот за кој сите политички фактори во државата имаат конзенсус од осамостојувањето до денес, во спротивно ќе не очекува неизвесна иднина“, нагалси Дуев.

Селим Ибраими
Селим Ибраими

Селим Ибраими од Институтот за безбедносни и развојни студии (ИССД-Македонија) смета дека руското влијание на Балканот отсекогаш било активно и се должи на природата на населението што живее на овој простор.

„Владата и прозападните групи треба да направат повеќе за уставните измени. Се чини дека Скопје многу малку работи за да се одобрат овие измени. Треба да има поголема одлучност за промените кои во крајна линија се во корист на македонската страна. Доколку промените никогаш не се изгласаат, се разбира, радикалните групи, без разлика дали се од Србија или од трети земји, ќе имаат за цел да го зајакнат влијанието и да ја вратат поранешната област на руско влијание на Балканот. Во оваа линија, етно-религискиот состав на Балканот и Северна Македонија треба да овозможи голем простор за дезинформации и да го одржи рускиот сон жив. Моментално Русите и Србите се активни во виртуелниот свет на дезинформации, а таму се активни и Македонците“, изјави Ибраими за Фронтлајн.

Според него, битката на власта може да биде изгубена доколку продолжи со оваа динамика на информирање за пакетот уставни амандмани.

„Покрај хибридните методи како што се дезинформациите, Русите, Србите и радикалните сили во Северна Македонија може да се обидат со други средства да го намалат интересот за уставни промени, како на пр. ангажманот на кадри на терен, во македонскиот дел, за зголемување на незадоволството од власта. Бидејќи руско-српскиот и македонскиот радикализам е присутен во регионот, владата мора да дејствува побрзо во обезбедувањето терен за да се направат промените. Во спротивно, враќањето на руско-српскиот свет на Балканот би било чекор кон нови поделби и поттикнување на етно-верски тензии“, нагласува Ибраими.

Министерството за надворешни работи на Бугарија
Министерството за надворешни работи на Бугарија

Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека Бугарија нема нови услови за Република Северна Македонија.

„Бугарија нема нови услови кон Република Северна Македонија. Напротив, таа искрено сака да го види својот сосед како напредува кон полноправно членство, преку успеси во реформскиот процес и напорите за градење добрососедски односи. Го очекуваме првиот чекор во овој процес, согласно обврските потпишани од Скопје во јули 2022 година – …стапување во сила на измените на Уставот на Северна Македонија за граѓаните кои живеат на територијата на оваа земја и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, според внатрешните процедури“, се вели во соопштението на бугарското МНР.

Оттука, тезата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека и по воведувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот, Бугарија ќе има други барања кон Северна Македонија паѓа во вода.

Од тука, по Резолуцијата во германскиот Бундестаг, најавена од Франција, и изјавата на Бугарското МНР се во правец на гаранциите што Мицкоски ги бара дека тоа ќе биде последното барање на бугарската страна кон Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ратко ДуевРуско влијаниеСелим Ибраимиуставни измени

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk