ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Ковачевски: Инвестираме во модерна патна инфраструктура и квалитетен живот за граѓаните, пробиена десната цевка на тунелот Фариш

July 19, 2023 18:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, утрово присуствуваше на изведба на пробивање на десна цевка на тунелот Фариш, кој се наоѓа на делницата Фариш-Дреново на новиот експресен пат Градско-Прилеп.

„Денеска заокружуваме уште еден успешен градежен зафат како дел од нашиот голем инвестициски циклус на градење на модерни патни делници и автопатишта низ целата наша држава. Ја заокружуваме изведбата на тунелот Фариш, со пробивање на десната цевка од овој тунел во Фаришката клисура, кој се наоѓа на втората делница Фариш-Дреново на новиот експресен пат Прилеп-Градско. Веќе е завршено пробивањето на левата цевка од тунелот, еден од најтешките делови на оваа траса, којашто е од клучно значење за граѓаните од Пелагонискиот регион, но и за целата држава“, истакна премиерот Ковачевски, кој присуствуваше на пробивањето на десната цевка на тунелот Фариш.

Премиерот констатираше дека градежните зафати на овој патен правец се одвиваат со предвидената динамика и дека очекува изведувачот да го запази предвидениот рок за изведба на делницата Фариш – Дреново во должина од 10,2 километри како дел од експресниот пат Градско – Прилеп.

„Градежните зафати на делницата е предвидено да се завршат до јануари 2024 година, за што се предвидени 33,3 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР, а само за тунелот се инвестираат 5,7 милиони евра. Ова е еден од најзначајните патни правци во државата, каде дневно поминуваат околу 6.000 возила од сите категории, меѓу кои значаен дел се и товарни возила. Токму затоа се концентрираме на подобрување на патниот правец Градско – Прилеп со што ќе се олесни протокот на патници и возила“, рече премиерот Ковачевски.

Градежните зафати на овој потег, според премиерот, значат изградба на современа патна инфраструктура и модернизација на Коридорот 10-д, што ќе овозможи поврзување со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија.

„Вложуваме во инфраструктурата и инсистираме на ефикасност во изведбата бидејќи сакаме да обезбедиме квалитетен живот за нашите граѓани и со тоа што побрзо да го трасираме нашиот пат кон ЕУ. Градиме и реконструираме делници во региони кои биле заборавени и запуштени со децении, создаваме услови за нови работни места, нови инвестиции и нови можности за соработка. Градиме експресни, магистрални и регионални патишта со кои ги поврзуваме селата и градовите во регионите, регионите со други градови, а државата со светот. Република Северна Македонија станува светска сообраќајна и трговска крстосница. Ова се приоритетите за кои се залагаме и ова се приоритетите од кои нема да отстапиме. Нашите граѓани заслужуваат европски живот овде, во Република Северна Македонија“, нагласи премиерот Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потенцираше дека досега се постигнати над 64 % реализација.

„Денеска сме присутни на пробивањето на десната тунелска лента на втората делница од Дреново до Фариш, овде имаме преку 64 % реализација и очекуваме дека со добра динамика како и до сега ќе ја завршиме изградбата на овој пат.

Експресниот пат од Градско до Прилеп е приоритет не само за Владата, тој има големо економско значење за сите граѓани, а посебно за жителите од Градско, Росоман, Прилеп, Битола, Ресен.

Граѓаните треба да знаат колкава е комплексноста на овој проект, се градат 2 тунели, 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт. Ме охрабрува фактот што и на првата делница од Градско до Дреново се работи со максимално темпо“, рече министерот Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми посочи дека е задоволен од динамиката на работите.

„Ќе бидеме уште позадоволни со фактот дека со новата патна мрежа ќе можеме да сметаме и на дополнителен развој и компетитивност на овој дел од Пелагонискиот регион. Секако, новото патно решение носи и поголема безбедност, особено во овој дел којшто важеше за црна точка. И во Владата и во ЈПДП сме и повеќе од свесни дека вложувањата во патната мрежа, осовременување на патиштата, изградбата на нови, завршувањето на европската коридорска мрежа што поминува низ нашата земја – Коридор 8 и Коридор 10-д, е од круцијално значење за развој на земјата. Посветено работиме и ќе работиме да создадеме подобри услови за просперитет и благосостојба на сите региони во државата подеднакво“, додаде директорот Рустеми, кој нагласи дека градежната офанзива во патната инфраструктура низ државата продолжува и дека 2023 година ќе остане запаметена како година на историски најголеми инвестиции во сообраќајната инфраструктура во земјава од осамостојувањето па наваму.

Tags: Ковачевскипатна инфраструктураФариш
Next Post
Фото: МИА архива

Финска го затвора рускиот конзулат во Турку

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk