ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Нова европска финансиска поддршка за три проекти со вкупна инвестиција од 98.9 милиони евра

July 20, 2023 13:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување официјално го извести вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ за трите проекти кои беа одобрени на 30 јуни 2023 година на состанокот на Оперативниот борд на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), во која аплицираме на секој повик и во која имаме редовно поддршка на проекти, одобри 24 милиони евра грантови за три проекти, два во секторите енергетика и еден во транспорт, кој се однесува на Коридорот 8 за изградба на експресниот пат Крива Паланка – Страцин. Грантот е во износ од 14 милиони евра, а вкупната инвестиција од 36,7 милиони евра е поддржана со заем од Светска банка.

Во областа на енергетиката станува збор за два проекти, од кои едниот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, грант е во износ од 2,2 милиони евра, а вкупната инвестиција од 27,5 милиони евра, која е поддржана со заем од Светска банка. Грантот е побаран за да може да се интервенира и зголеми енергетската ефикасност на 18 здравствени објекти и тоа 4 во Скопје и Валандово, Крива Паланка, Герман, Злетово, Кратово, Пехчево, Штип, Пробиштип, Демир Хисар, Демир Капија, Долни Дисан, Ресен, Лозово, Неготино, Дебар.

Вториот грант од секторот енергетика е од 8 милиони евра е за зајакнување на мрежата за пренос на струја во југоисточен регион, со вкупна инвестиција од 34,7 милиони евра, поддржана со заем од ЕБРД. Целта на проектот е да се овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независната на земјата за производство на сопствена струја.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека ваквата поддршка од ЕУ, во конкретни проекти, е доказ дека пристапниот процес и членството во ЕУ не е само политички, туку и економски процес, со конкретни придобивки за граѓаните.

Во текот на летото, Европската комисија ќе промовира околу 20 гарантни фондови за приватниот сектор за да се поттикне развојот на претпријатијата во Западен Балкан, да се подобри нивното работење и да се одржат приватните инвестиции. Досега Европската комисија помагаше во пристапот кон финансии а во наредниот период ќе го преземе и ризикот од инвестициите за да го олесни и подобри приватниот сектор. Дополнителни информации за овие гаранции ќе се објават во септември годинава.

Вкупно одобрените проекти за земјите од Западен Балкан се во износ од 528 милиони евра со вкупна инвестиција од 2,1 милион евра. Сите одобрени проекти се во насока на спроведување на Економскиот и Инвестициски план за Западен Балкан промовиран од Комесарот за проширување Вархеји во 2020 година.

Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека ДГ НЕАР ги достави деталите критериумите за новиот 9-ти по ред повик за инвестициски грантови во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан, наменет за проекти од железница. Согласно критериумите на овој повик, земјите можат да аплицираат со проекти за рехабилитација на постоечката и изградба на нови одржлива и паметна инфраструктура на главните и продолжените ТЕН-Т железничка мрежа.

Максималниот износ на кофинансирање од инвестициската рамка за Западен Балкан е 50% од вкупната инвестиција а останатите средства треба да бидат обезбедени од заеми од Меѓународните финансиски институции согласно правилата за спроведување на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Tags: ЕУМаричиќФинансиска помош
Next Post

Лустрацијата и по неа: Зошто Славко Јаневски нема улица?

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk