ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Џафери: Доколку не се донесат уставните измени, земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес

July 21, 2023 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес и оти за тоа што би значело во иднина не мора да бараме туѓи искуства, бидејќи имаме свое искуство посочувајќи на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и она што се случуваше со земјата потоа.

-Ние не мора да бараме туѓи искуства, иако има доста, ние имаме сопствено искуство од 2008 година во однос на можните решенија во моментов и на можните решенија. И секако искуството покажува дека колку и да е, условно кажано, дилема по однос на моменталното решение, идното решение може да биде само полошо. Искуствено, во 2008 целиот државен врв замина на Самитот во Букурешт на НАТО со тоа дека вечерта ќе станеме членка на НАТО, преку ноќ таму се промени ставот и на крај после десет години апсолутно е заклучок сега кога ги имаме сите информации од тогаш дека последователното решени беше… Идејата е да се заврши со оптималното решение, да се внесат во Уставот и да продолжиме понатаму, не заради нас како политичка гаранитура во моментов што раководиме туку за иднината, вели Џафери во интервју за МТВ.

Запрашан за последните изјави на бугарскиот претседател во однос на нивни идни барања, рече дека за жал ние се раководиме од изјавите, а не од обврските.

-Такви изјави секојдневно ќе има. Искуствено пак ви кажувам решенија на арбитража имаат и Словенија и Хрватска па ден денеска спорат дали е тоа тоа или не. Затоа има прашања кои ексклузивно ние што треба да правиме. Последиците од таквите изјави каде носат вода, носат вода во интерес на нас или носат вода некаде на трето место. Мој заклучок е дека таквите изјави ние само се приклучуваме носејќи вода на трето место а не за напи потреби, рече Џафери.

Претседателот на Собранието во однос на Комисијата за уставни прашања рече дека тој мора да обезбеди пропишано време за дебата, но динамиката зависи од конкретната дебата. Дебатата, вели тој, доколку се исцрпи не мора да трае до 9 август, како што е предвидено.

-По однос на моите надлежности како претседател на Собранието и на уставната комисија организациски ги преземав сите мерки и активности за да се подготви Собранието и да биде подготвено процесот да тече во најдобар тек, рече Џафери.

За барањата за предвремените избори на опозицијата, тој и се обрати на опозицијата: „ако е таа намерата повелете поднесете предлог до Собранието, ако има 61 глас да се распушти Собарнието“.

-За предвремени избори е имплицитно кажано дека треба да се распушти Собранието па да се оди на предвремни избори. Флоскулата е политичка дека вие сте за избори, а не иницирате, затоа што веројатно не се сигурни за бројките. И затоа велам дека приоритетот треба да се дава за она што ни е иднината, а не за идните избори, рече Џафери во интервјуто за националната телевизија.

Tags: Собраниеуставни измениЏафери
Next Post

Силно невреме во Италија, црвен аларм во Словенија и делови на Хрватска, се движи кон Србија

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk