ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груби: Да се изгласаат уставните амандмани, ДУИ во истиот момент ќе излезе од Владата

July 24, 2023 19:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Нема да има предвремени парламентарни избори, ќе одиме на редовни парламентарни избори. Ако пропадне гласањето, за жал пропаднала европската иднина на нашата заедничка земја, вели вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во пресрет на дебатата за уставните измени во матичната собраниска комисија, јави МИА.

Во гостување на вестите на Канал 5, Груби изрази уверување дека тоа не би го дозволил кој било, вклучително и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Убеден е, како што рече, дека таа партија е европски ориентирана.

Тој рече дека сите знаеме оти мора да пристапиме кон техничката измена на Уставот и видовме, потенцира, уставните амандмани се апсолутно технички и никој во општеството, освен опозицијата не реагираше на текстот на уставните амандмани.

Само таму имаше реакција и тоа политичка, не по однос на содржината на уставните амандмани, туку политичка, за дневна политика, изјави, меѓу другото Груби.

Прашан дали ДУИ се подготвени да излезат од Владата доколку тоа е цената што треба да се плати, Груби потврди дека не само да излезат од Владата, туку и да се откажат од првиот Албанец премиер во Владата, да се откажат од Пржинската влада, затоа што, нагласи, ние ќе бидеме тогаш најголемата опозициска политичка партија во Собранието и би требало да имаме министер за внатрешни работи, за труд и социјала, итн…

Од сето тоа да се откажеме и да одиме или на предвремени избори веднаш по гласањето на уставните измени или да одиме на редовни избори. Ако им се седи во Влада уште една година, пет, шест месеци, 10 месеци колку има, нека си седат во Владата, само нека гласаат за уставните измени. ДУИ во истиот тој момент од изгласувањето на уставните амандмани, излегува од Владата и им овозможува да владеат без ништо од тоа што очекуваме до крајот на мандатот, рече Груби.

Во однос на инцидентот од викендот со опожареното возило што тој го користел наведе дека е резулат на строго политички мотиви.

Нема ништо криминално. Денеска слушнав и лидерот на опозицијата рече дека е криминална пресметка па очекувам институциите да го повикаат и да даде исказ од каде се тие наводи дека била криминална пресметка. Убеден сум дека има политичка позадина и е резултат на тригодишното вербално насилство кон мене и кон ДУИ, рече Груби.

Истрагата, потенцираше тој, ќе ја оставам на полицијата, се надевам дека набргу ќе се пронајде и тој што го нарачал и тој што го извршил палењето на возилото.

Во коментар на сомнежите за прикриен имот, Груби ги повика институциите да истражат каква било претпоставка за такво нешто.

Апсолутно „аудито“ не е мое возило, ниту формално, ниту неформално, по никој основ, ниту сум платил некому за тоа возило, сум користел други возила за приватни цели. Минатата недела имав мала хируршка интервенција, тогаш го користев и го немав користено 10-ина дена. Лажни се снимките во јавноста за да се шират лажни вести, рече Груби.

Тој истакна дека веќе не се движи сам и користи обезбедување, за разлика од порано, бидејќи, како што потенцираше, насилната вербална агресија станува физичка агресија.

Tags: Артан ГрубигласањеДУИизбориизлегување од Владауставни измени
Next Post

Аријанит Хоџа: Целосно се оградувам од политичкото дејствување во таканаречениот „опозициски блок“

НАЈНОВО

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025

Хитмејкерот Џекс Џонс ги носи своите хитови во Струмица на Get EXITed на 7 септември

August 21, 2025

Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk