ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес официјално – на македонски, другите се по одмори

July 26, 2023 13:08
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

На денешен ден се навршуваат шеесет години од катастрофалниот земјотрес  во Скопје, во кој загинаа 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.

Но, ова не е содржина за тоа што се случувало на 26 јули 1963 година, за сеќавањата на луѓето што го доживеале овој потресен и трагичен ден. Оваа кратка содржина е во некој облик – огледало на општествените текови, модели и перцепции за тоа како функционира една мултиетничка држава, кога е во прашање културата, и не само таа.

Еден поглед низ Тиме.мк – рубрика „култура“, и веќе е повеќе од јасно дека овогодинешните културни настани, во случајов организирани во духот на сеќавање и потсетник на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, на денешен ден, се ништо повеќе или помалку – монохрони, или моноетнички.

Ќе наредам тука неколку од настаните, чисто заради прегледност, за да знаете за што станува збор.

-Во Музејот на современата уметност (МСУ) ќе биде отворена дигиталната изложба „Подемот и падот на Скопје“ на Државниот архив, преку фото-објективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 1950-тите години.

-Во Кинотеката каде што од 18 часот ќе биде прикажан избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“. Од 20 часот тука премиерно ќе биде прикажан и дигитализираниот филм „Мементо“ на Димитрие Османли.

-Во Музејот на град Скопје ќе има изложба „Скопје– Градот Феникс“, чиј автор е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.

-Во МКЦ  ќе се одржи настан „МКЦ не заборава“, со почеток во 18 часот. На настанот ќе учествуваат  групите „Педро Хорисонте“, „Луфтанза“ и „Баклава“, која вечерва ќе го промовира албумот „За Скопје со љубов“, а на полноќ ќе се прикаже филмот „Скопје ремикс“ во паркот на МКЦ. Во настанот ќе биде приклучен и книжевен времеплов низ Скопје, Доротеј Нешовски ќе води детска ликовна работилница, а ќе се одржат и две изложби, „Бетонско Скопје“ и „Попатни одблесоци“. На втората ќе бидат претставени фотографии од Ристо Костовски.

И така натаму…

Како што се забележува, горенаведените настани се организирани и учествуваат припадници на само еден етникум, во случајов, македонскиот. Бидејќи, судејќи по агендата на настаните, земјотресот бил катастрофален само за Македонци, и можеби некои други што веројатно не се спомнуваат во настаните.

Другите, очигледно не се сеќаваат, или биле преку граница, или се по одмори, сега.  Или, можеби, или најверојатно – не се сетиле дека треба да бидат вклучени ( а доколку никој не ги поканил или не им е даден простор, треба да си кажат) и да придонесат кон денешното сеќавање на еден страшен ден, катастрофален во светски размери, по животите на многу луѓе со моментални исходи, а уште повеќе со долгорочни последици кои ги засегале сите што продолжиле да живеат и по земјотресот, и да ги пренесуваат сеќавањата од колено до колено.

Секој на својот јазик, и заеднички, на сите јазици на Скопје.

Извор: Цивил Медиа

Tags: земјотресСкопјешеесет години
Next Post
Фото: Roxanne Desgagnés / Unsplash

Глобалното затоплување се заканува да доведе до забавување на океанските струи во Атлантикот

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk