ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: Tепачките меѓу навивачите на Левски и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата!

July 28, 2023 14:09
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Последните случувања со тепачките и инцидентите меѓу навивачите на Левски Софија и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата која сее меѓуетничка омраза, страв и конфликтност во општеството. Не верувам дека некогаш ќе се „вразуми“, односно ќе го смени својот ментален чип. Тоа е посилно од нив како партија, членство и раководство“, изјави за Фронтлајн политикологот Благојче Атанасоски.

Острата политичка реторика, националистичка, омаловажувачка и понижувачка кон нејзините политички противници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, доведува до случаи на вербално и физичко насилство, како што беше последниот случај на невоздржано насилство од бугарски навивачи во Скопје, велат политичките аналитичари – зборувајќи за политички речник на македонската опозиција.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

„Реториката односно секојдневените плукања по секој што не следбеник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, не само што нема да сапре туку мислам како минува времето се повеќе ќе се засилува. Предводник на таа би рекол запалива реторика е врвот на партијата, нервозна што и по повеќе од една година секојдневнотрубање од страна на нивниот лидер „Избори час по скоро“, тие сепак очигледно ќе се одржат до година на редовниот термин. Нивната нервоза и трка за рејтинг ја пренесоа меѓу граѓаните, а во тоа за жал имаат голема помош и од медиумите“, вели во изјава за Фронтлајн Ацо Кабранов, новинар и познавач на политичките случувања во земјава.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ имаат едиствена цел, да се вратат на власт за да ги спасат сопартијците против кои се водат судски и истражни постапки за злоупотреби во време на режимот на Груевски.

„Да се патриоти што себеси се нарекуват нема да ја кочат државата на патот кон Еу, со изговор дека же сме се бугаризирале и условот уставни измени бил бугарски диктат. Си играт со чуставата на народот и жално е во 21 век им поминува ова“, нагласи Кабранов.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека опозицијата, постојано игра на националистичка, потпалувачка и конфронтирачка реторика, прво зошто тоа и носи поени, второ затоа што тоа едноставно и е во „крвта“.

„Не може ВМРО-ДПМНЕ да биде нешто што не е: модерна, конзервативна европска демохристијанска партија со умерена политика која ќе се грижи пред се за државните, наместо за партиските интереси. Последните случување со тепачките и инцидентите меѓу навивачите на Левски Софија и Шкупи се детерминирани (ин)директно и од реториката на опозицијата која сее меѓуетничка омраза, страв и конфликтност во општеството. Не верувам дека некогаш ќе се „вразуми“, односно ќе го смени својот ментален чип. Тоа е посилно од нив како партија, членство и раководство…“, вели Атанасоски за Фронтлајн.

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски

Приведени се дваесет и едно лице пред фудбалскиот напревар меѓу Левски и Шкупи, а за инцидентот во Чаир, каде има и едно приведено лице, идентификувани се повеќе напаѓачи и за скоро време деталите за овој инцидент ќе бидат соопштени, изјави денеска министерот за внатрени работи Оливер Спасовски.

„Тоа беше меч оценет како меч од висок ризик. Меѓутоа, морам да кажам дека од почетокот на мечот до неговото завршување практично и да немавме некаков инцидент. На почетокот при влегувањето имавме една група на навивачи кои дојдоа од соседна Бугарија и кои практично се однесуваа насилно кон припадниците на македонската полиција. Приведени се вкупно 21 лице, од кои 19 бугарски државјани и двајца македонски државјани кои се приведени и биле дел од навивачката група на Шкупи“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен-темелник на новиот објект на полициската станица во Аеродром.

Регира и од ЦИВИЛ – Центар за слобода изјавуваат дека со загриженост ја следат ситуацијата и изразија крајна згрозеност од екстремниот говор на омразата.

“Ова што го гледаме на спортските трибини, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. ЦИВИЛ бара од релевантните институции во нашата земја, како и во Бугарија, да го санкционираат ваквото однесување на спортските терени.“

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш на ангелите“ во Кочани: Родителите со свирежи и извици пред полициската станица и судот незадоволни од текот на постапката

June 28, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во Србија: Голем број граѓани одат кон Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk