ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Министерството за економија во 2011 година, за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги дава позитивните мислења за Иловица

July 28, 2023 14:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доделувањата на концесија за експлоатација на минерални суровини од рудникот Иловица дала Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Првата концесија е дадена во јуни 2012 година, на која е потпишан Зоран Ставрески, додека втората, за поголемата локација е издадена во декември 2015 година и е потпишана од Никола Груевски, пишува градска.мк.

Токму и отворањето на рудникот Иловица беше помеѓу ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2016 година, кога Груевски, кој беше носител на партиската листа во четвртата изборна единица пред граѓаните на Босилово кажа дека рудниците ќе отворат многу нови работни места за локалното население.

„Повеќе од десет нови рудници ќе бидат отворени или ќе бидат вршени детални истражувања, по што ќе почне со ископ. Односно, или некои ќе се отворат, што се во понапредна фаза, или за некои ќе започнат истражувањата и ќе започнат работите, коишто можеби не во овој мандат, но во следниот ќе се отворат. Очекувањата се дека ќе донесат над 2200 директни вработувања, плус индиректни. Во југоисточниот дел на Македонија, освен рудникот Иловица и рудникот за бакар Казандол од Валандово, рудникот за злато, сребро и бакар Боров дол во Конче, ќе има и други, а само овие ќе отворат многу работни места,“ кажа поранешниот премиер Никола Груевски на партиски собир во Босилово пред изборите во 2016 година.

Барањето за експлоатација на рудникот, што се случува во 2011 година, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш, Министерството за економија ги побарало потребните позитивни мислења за отворање на рудниците. Во име на Министерството за животна средина позитивно одговорил Филип Иванов, тогаш директор на Упрвата за животна средина. Бидејќи било неопходно и мислење од Министерството за култура, односно Управата за заштита на културно наследство, позитивно мислење потпишал и Паско Кузман. За барањето за експлоатација двапати позитивно се изјаснил и министерот за земјоделие Љупчо Димоски, еднаш за шумите еднаш за земјоделското земјиште. Позитивно мислење дал и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски.

Tags: ВМРО-ДПМНЕИловицаМинистерството за економија
Next Post

Од почетокот на годинава опожарени 13 автомобили и еден камион во Куманово

Shortcut

Најново

Амриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk