Најмалку 40 лица загинаа денеска во експлозија што се случи во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, објавија арапските медиуми, повикувајќи се на локални власти.
Полициски извор изјави дека жртвите биле убиени во експлозија на бомба на митинг на радикална исламистичка партија.
„На церемонијата требаше да зборува висок партиски функционер, но пред да пристигне, експлодираше бомба“, рече Ахтар Хајат Гандапур, полициски инспектор во провинцијата која граничи со Авганистан.
Истиот извор истакна дека експлозијата била насочена кон конзервативната верска партија Џамијат Улема-е-Ислам (ЈУИ-Ф), која организирала митинг во градот Хару пред изборите што ќе се одржат подоцна оваа година.
Партијата е позната по своите врски со тврдокорниот исламизам. Првичните информации говореа за 17 загинати, но и 70 ранети, но бројот би можел да се зголеми.
Г. Т.