ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Општество во состојба на постојано одрекување

Конечно, експертите ја препознаа руската пропаганда. Кога ќе ги препознаат и посочат нејзините главни носители во земјава?

July 30, 2023 12:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во изминатите 3-4 години се објавија голем број анализи за руското влијание, дезинформациите и пропагандата кои доаѓаат од Москва, директно или преку прокси актери во соседството и Европа. Отпрвин, тоа препознавање на рускиот пропаганден боршч беше прилично срамежливо, претежно со акцент на прокси играчите, често и без споменување на Москва, односно Русија. Малку похрабро настапија (дел од нив) неколку месеци по почетокот на руската брутална инвазија против Украина.

Пример 1: Кога мечката ни играше во дворот

Во месеците кога низ земјата беснееше пропагандата против позитивното референдумско изјаснување на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор, (според анонимни извори) во земјава на терен, директно и непосредно, дејствуваа неколку десетици руски оперативци. Во тоа време, Москва диригираше невиден пропаганден, но и хибриден напад врз земјата, а нивни спроведувачи не бе Марсовци, туку домашни политички и пропагандни структури и инсталации.

За тоа време, сите – медиумите, експертите и политичарите – беа многу претпазливи во формулирањето на своите наоди и изјави. Поточно, избегнуваа да ја споменат мечката што им играше во дворот.

Пример 2: Премиерот предупредува на црни пари, институциите молчат до денес

Во 2021 година, по локалните избори, тогашниот премиер, вечерта кога даде оставка на позициите лидер на владата и партијата, јасно кажа дека во кампањата било видливо дека има огромна сума црни пари. Познавачите знаеја дека има црни пари во изборниот процес, како што тоа беше случај и во кампањата за референдумот во 2018-та, но знаеја, исто така, дека знаењето и насоките доаѓаа од Москва, иако таа и тогаш не беше спомната.

Како и да е, кога премиер, нека е и во оставка, кажува нешто такво, најмалку што требаше да се случи е безбедносните служби и обвинителството да отворат истрага, а во јавноста тоа и да го соопштат. Тоа не се случи. Институциите молчат до денес.

Неславно дејствување

Овде станува збор за добро издржани анализи, со пристојно научно ниво. Заслужуваат внимание, а трудот на авторките и авторите што е вложен во тие анализи, е достоен за почит. Сепак, тие во себе носат најмалку два сериозни, па и суштински недостатоци, поточно неуспеси. Тие недостатоци не се ненадоместливи, но за да се санира штетата од нив, потребно е малку повеќе храброст, одговорност и интегритет.

Ова го наметнува и прашањето дали се работи за општество кое е во состојба на постојано одрекување. Имено, општеството не е некој посебен ентитет кој може да се набљудува независно од тие што го сочинуваат. А карактерот, пулсот на општеството, го даваат политичките, интелектуалните, медиумските, НВО, културните, економските и неколку други елити. Во македонскиот случај – дејствувањето на дел од нив е, благо речено, неславно.

Во оваа кратка белешка, би сакал скромно да ги „надополнам“ овие (сепак, значајни) трудови на експертите кои се занимаваат со последиците од руската пропаганда во Северна Македонија и пошироко.

Неуспех 1: Со пари од Запад – антизападно

Првиот неуспех е нивната неубедливост и невидливост. Тие не се доволно убедливи, токму затоа што гребат само по површината на проблемите.

Во своите заклучоци користат дипломатски речник и еуфемизми за појавите, како да работат во министерство за надворешни работи.

Не вложуваат напори, ни оддалеку, да им дадат јасност, а уште помалку видливост на своите наоди и заклучоци, како да им е страв или како да се срамат од тоа што го напишале. Ниту, пак, се осмелуваат да ги стават под својата аналитичка лупа оние ентитети во сопствениот сектор (граѓански организации) кои отворено, со пари од Запад, дејствуваат антизападно.

Неуспех 2: Кога пациентот е мртов, и најдобрата дијагноза е безвредна

Вториот недостаток, односно неуспех на експертите и аналитичарите се состои во тоа што нивните истражувања и анализи, со многу задоцнети. Се појавуваат во време кога последиците од руската пропаганда се веќе одамна видливи и вгнездени во општеството, па и во институциите.

Тоа ви е, како лекарот (експертот) кој дијагнозата (анализата) за болеста (проблемот) ја воспоставува откако пациентот (општеството) е веќе неповратно загубен. Или мртов. Кога пациентот е мртов, и најдобрата дијагноза е безвредна. Таа е (можеби) добра за учебник по историја, но за здравјето на оној што е неповратно изгубен, не значи ништо.

Сите веќе добро знаат за руската пропаганда и (донекаде) за руските хибридни напади. Доволно знаеме за прокси актерите што се надвор од земјата. Најмногу се зборува за Србија и Унгарија, а помалку за прорускиот дел од бугарскиот политички естаблишмент, ултрадесничарските политички структури во дел од земјите членки на ЕУ итн. Но тоа не е доволно. Ни оддалеку.

Кои се носителите и спроведувачите на руската пропаганда?

Малку кој има храброст и интегритет да ги посочи јасно и недвосмислено директните корисници на рускиот know-how и спроведувачи на руските политички насоки. Нивното дејствување е опасно и деструктивно за македонската стабилност и безбедност, и одат против македонските национални интереси.

Сепак, има чесни исклучоци кои нема да ги спомнам од скромност. Помислете, кога и каде сте прочитале анализи (сепак, ги има) за носителите на руските политички и воени цели во македонската политика. И споредете ги со ефектот од доцна „освестените“ експерти и аналитичари во земјава.

Се разбира, може (и мора) да се пишува и говори за тешките последици од уредничките политики во најголемите и најбогатите медиуми во земјата (богато спонзорирани од фирми и партии). Тие се посебна и многу тревожна приказна, за која, исто така, има луѓе што пишуваат и говорат јасно и недвосмислено. Кој сака, ќе ги најде. Лесно е.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУруска пропагандахибридни напади

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk