ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК предложи имени во правилата за безбедност на детските играчки

July 31, 2023 10:05
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисијата предложи Регулатива за безбедност на играчките со која се ревидираат сегашните правила за заштита на децата од потенцијални ризици предизвикани од детските играчките.

Како што соопшти Еврокомисијата, иако играчките што се продаваат на територијата на ЕУ и сега се меѓу најбезбедните во светот, целта на овие измени е дополнително да се заштити безбедноста на децата особено од штетните хемикалии, како и при нивна набавка преку интернет.

Според ЕК, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, со изменетите правила ќе се овозможат рамноправни услови за продажба на играчките произведени во членките на ЕУ и оние увезени од трети земји, а во исто време ќе се гарантира слободно движење на играчките во рамките на единствениот европски пазар.

Со измените, досегашната забрана за продажба на играчки што содржат канцерогени или супстанци што можат да предизвикаат мутации или да наштетат на репродуктивниот систем, се проширува и со забрана на играчки што содржат хемикалии кои може да влијаат на ендокриниот или на респираторниот систем или пак може да му наштетат на кој било човечки орган.

Дополнително, сите играчки кои ќе се продаваат во ЕУ, од сега ќе мора да имаат и Пасош за дигитален прозвод (ДПП), кој ќе содржи информации за усогласоност со Директивта за безбедност на играчките. Покрај играчките што можат да се купат во продавници во границите на ЕУ, ваков ДПП ќе мора да имаат и играчките што се прдаваат преку интернет.

За таа цел при влез на надворешните граници на ЕУ, посебен ИТ систем ќе проверува дали играчките имаат ДПП и дали се во согласност со правилата на Унијата и ќе ги идентификува оние пратки за кои ќе биде потребна детална царинска контрола.

Дополнително, доколку има небезбедни играчки кои претставуваат ризици што не се јасно предвидени со Директивата, со предложените измени на Комисијата и се дава овластување да бара тие играчки да бидат повлечени од пазарот на ЕУ.

Директивата која ги утврдува безбедносните барања што мора да ги исполнуваат играчките што се пласираат на пазарот на ЕУ, во однос на физичките, механичките, хемиските и електричните својства, запаливоста, хигиената и радиоактивноста, е донесена во 2009 година. Според неа, кога една играчка е во согласност со пропишаните барања и правила, производителот мора да стави ознака „ЦE“, со што потврдува дека ги исполнува стандардите потребни за продажба во ЕУ.

Но, по евалуација на Директивата, Комисијата идентификувала „голем број слабости во практичната примена“, па затоа сега предлага Регулатива за нејзини измени, особено во однос на онлајн продажбата. Дополнително, измените се усогласуваат и со Стратегијата на ЕУ за одржливост на хемикалиите, која предвидува зајакнување на заштитата на потрошувачите и ранливите групи од штетни хемикалии.

Tags: безбедностдетските играчкиЕКправила
Next Post

Спасовски: Tри капитални објекти на МВР 2017-2023, за унапредување на модерното полициско работење

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk