Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА за состојбата во неговата матична партија ДУИ и обвинувањата за корупција, како и кон него лично од страна на некои негови сопартијци, вели дека секој треба „да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото“. Ако некој има проблем треба да биде коректен и да го каже, вели тој, бидејќи нема коруптивни колективи.
-Секој од нас треба да се огледа во огледало и да си се потсетува кај му е местото за да знае понатаму што се случува. Јас лично за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа. Барем за себе можам да кажам дека сум мирен по однос на тоа кому што му треба информативно. Впрочем соодветната институција спровела соодветна годишна програма која што ја има во која што сум бил вклучен со сите процедури, значи и известен дека сум дел од Програмата за верификација на она што сум го пријавил во анкетниот лист, завршена е таа процедура. Така што, секој за себе треба да си гледа пред огледало и тоа ја чини после целината. А секој во себе што има проблеми треба да биде коректен и за тоа барем на лидерот треба да му каже и да си најде начин како да се ослободи и да го ослободи од таа перцепција и субјектот, оти нема коруптивни субјекти, сега колективни, вели Џафери.