ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пукна насипот на реката Мура во Словенија, во тек е евакуација, вонредна состојба долж реките Сава и Мура во Хрватска, водата стигна до куќите

August 6, 2023 13:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН

Пукна насипот на реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се влошува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.

Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските услови, посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да се зголемува во Австрија.

Според хидролозите нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува освен во поплавените подрачја во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Не се исклучува можноста да расте нивото на помалите реки во западна и централна Словенија. Во делови од земјата постои опасност од лизгање на земјиштето.

Поради уништената инфраструктура поединечни делови од Словенија и понатаму се без електрична енергија, поради што еден од главните приоритети е снабдување на населението со агрегати.

Според метеоролозите попладне се очекуваат обилен дожд, град и силен ветер.

Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива и „веројатно изнесува повеќе од половина милијарда евра“.

И покрај поплавите не е загрозена нуклеарната безбедност на нуклеарната централа Кршко.

Хрватската управа за цивилна заштита соопшти дека вонредна е состојбата на реките Сава и Мура во Хрватска, а водата веќе стигнала и до куќите.

Упатен е апел до граѓаните да бидат дополнително внимателни и одговорни на подрачјата кои се загрозени од поплави, да не влегуваат во водата и да ги почитуваат издадените предупредувања и забрани.

Г. Т.

Tags: вонредна состојбаевакуацијаМурапоплавиСаваСловенијахрватска
Next Post
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР: ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека со едно видео за објаснување на преговарачката рамка се разоткрија нивните лаги и пропаганда

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk