ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски за МИА: Имаме должност на идните генерации да им оставиме европска Македонија

August 7, 2023 10:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА предупредува дека како држава не смееме да направиме историска грешка и да ја пропуштиме единствената шанса Северна Македонија после децении да ја постигне својата друга стратешка цел, да стане членка на ЕУ. Ковачевски во интервјуто ги повикува пратениците и опозицијата наместо да бараат изговори да дадат поддршка на измената на Уставот со што ќе обезбедат европска иднина на земјата и за идните генерации. Премиерот Ковачевски го потенцира ставот на ЕУ дека- нема да има подобар договор, нема да има нов договор, нема да има друга преговарачка рамка.

„Ние имаме обврска да им оставиме на идните генерации европска Македонија, не треба да се калкулира со следните чекори, треба да се донесе одлука и да продолжи државата на европскиот пат. Само на тој пат ние ќе си го зачуваме она што го имаме во однос на историскиот, културниот и јазичниот идентитет, само на тој начин ќе си ги зајакнеме позициите кон меѓународната заедница и партнерите и воедно ќе ја подобриме сегашната состојба. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат големи достигнувања, заслужуваат европски стандард и подобар живот, заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ,  нашата алтернатива е ЕУ. Ова е суштината. Нашата сила е во обединувањето и секој што и мисли добро на оваа земја треба да биде подготвен за заеднички државнички одлуки“, вели премиерот во интервјуто за МИА.

Тој истакнува дека одлуката за уставните измени, а со тоа и продолжувањето на државата по европкиот пат зависи од нас самите. Одговорноста е пред сите општествени чинители, пред сите сериозни парламентарни партии, пред сите пратеници, вели Ковачевски во интервјуто за МИА.

Премиерот вели дека сега од сите политички, општествени чинители во државата зависи  дали сакаме веднаш да продолжиме понатаму на европскиот пат и да се интегрираме или пак да се изолираме комплетно и повторно да ги живееме 10 или 15 години сами и беспомошни. Со пропуштање на оваа историска шанса, силната поддршка на Унијата, на САД, на стратешки партнери на Северна Македонија, како држава ќе загубиме нови 10 или 15 години.

„Ова е многу специфичен случај кога за прв пат, ветото може да дојде одвнатре. А тоа не смееме да си го дозволиме. Јас лично верувам дека Северна Македонија, пратениците нема да ја испуштат оваа историска шанса. По 17 години чекање, во јули, минатата година, конечно ги отворивме преговорите преку изнаоѓање на квалитетно решение, достоинствено пред сѐ и со заштитени национални и идентитетски определби. Решение кои ги запази сите наши државни и национални позиции. Земјата повторно ја вративме на европскиот пат. Македонскиот јазик и идентитет се зачувани и заштитени со преговарачката рамка. Со интеграција во ЕУ го интегрираме и македонскиот јазик и идентитет во европскиот мозаик, рамо до рамо со големите државотворни народи на Европа. Тоа е нашата цел и тоа беа суштински државни позиции за кои ние добивме силна поддршка и успеавме да се изборивме. Едно нешто на сите нас во државата треба да ни биде јасно-нема да има подобар договор, нема да има, нов договор, нема да има друга преговарачка рамка. И ова е единствената вистина, која не ја кажувам јас, не ја вели СДСМ, Владата, тоа е ставот на Европската Унија“, вели Ковачевски за МИА.

 

Tags: ЕУКовачесвскиМИА
Next Post

На „Охридско лето“ концертна вечер со пијано-дуото „Гелебешеви“

Shortcut

Најново

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk